Химна на секој родител! Зборови кои секој се вртат во главата на секој родител од првиот ден до последен здив… Емотивна поп балада која, освен многу емоции, со себе носи и моќна порака: нашите деца никогаш не се безнадежни, секогаш постои едно засолниште, еден дом и широко отворени раце кои се подготвени да бидат поддршка без разлика на околностите!

Како уникатен роденденски подарок за нивната ќеркичка, мама Ана Николовска Величковски ги напиша зборовите, а тато Стефан Величковски маестрално ја пренесе целата емоција и ја преточија во песна која веќе ја освојува публиката.

Целата приказна ја надополнуваат Иле Спасев (аранжман) и Драган Ристевски кој беше задолжен за видео записот во кој главната улога ја има малата Зорана – инспирацијата за „Имам се“.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
