Почетна / Забава / Ацо Пејовиќ на 11 јули со концерт во Аква Парк Пробиштип

Ацо Пејовиќ на 11 јули со концерт во Аква Парк Пробиштип

Еден од најпопуларните регионални изведувачи, Ацо Пејовиќ, на 11 јули ќе одржи концерт во Аква Парк Пробиштип, како дел од богатата летна концертна програма на најголемиот воден комплекс во источниот дел на Македонија.

Концертот започнува во 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со неговите најголеми хитови, одлична атмосфера и врвна продукција. Со бројни безвременски песни и препознатлив настап, Пејовиќ со години е еден од најпосетените изведувачи на концертната сцена во регионот.

Настапот е продолжение на серијата големи музички настани што ова лето се организираат во Аква Парк Пробиштип, кој и оваа сезона нуди богата програма со домашни и регионални музички имиња, привлекувајќи посетители од целата држава и соседството.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со добра музика, позитивна енергија и летна атмосфера, во уникатниот амбиент на Аква Парк Пробиштип, кој веќе традиционално е домаќин на некои од најпосетените концерти во земјата.

Влезниците се во продажба по цена од 1.200 денари, додека на денот на концертот ќе изнесуваат 1.300 денари. VIP билетите се достапни по цена од 1.500 денари.

Билетите може да се обезбедат преку kupikarta.com, на билетарата во Аква Парк Пробиштип, како и преку продажната мрежа на КупиКарта низ целата држава.

За дополнителни информации и резервации, посетителите можат да се обратат на телефон 077 754 024.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заеднички концерт на Тони Цетински и Нина Бадриќ на 28 ноември во Скопје

На 28 ноември 2026 година, Скопје ќе биде дел од концертен проект што обединува две …

error: Содржината е заштитена!