Овој априлски викенд на МРТ 1 ќе го поминеме во друштво на три познати блокбастери. Викендот зпаочнува петок навечер со познатиот аргентински трилер во кој пензиониран истражител на кривичниот суд, пишува роман за случај на силување и убиство од 1970-тите што успешно го истражил и го гони, но чиј сторител подоцна бил ослободен од страна за да може да ја употреби својата садистичка бруталност против „субверзивците“ како член на паравоената сила Тројно А.

Саботната вечер е резервирана за крими романсата со Ричард Гир и Дајан Лејн, римејк на ремек-делото на Клод Шаброл „Неверната сопруга“.

Викендот завршува со неделниот забавен филм на Гил Јангер.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
