Почетна / Серии / „Keeping faith“, британска истрага на Телма во 20:30 часот

„Keeping faith“, британска истрага на Телма во 20:30 часот

Aдвокатката Фејт Хауелс по своето породилно отсуство, очекува мирно враќање во адвокатската канцеларија која ја водат заедно со нејзиниот сопруг.

Животот нагло се менува кога сопругот Еван мистериозно исчезнува. Додека полицијата започнува истрага, Фејт сама тргнува во потрага по вистината, откривајќи дека човекот со кого живеела крие темни тајни и сомнителни деловни врски.

Со секој нов доказ, Фејт сè повеќе се заплеткува во мрежа од лаги, криминал и предавства, додека истовремено се бори да го заштити своето семејство и да ја зачува сопствената репутација. Во свет каде никој не е целосно искрен, таа мора да одлучи кому може да верува – и колку далеку е подготвена да оди за да ја открие вистината.

Возбудлива британска серија произведена од BBC, а снимена во Велс во периодот од 2017 до 2020 година. “Скршена доверба” на Телма од понеделник до четврток во 20.30 часот, започнувајќи од среда (22 април).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финската крими серија „Хелсиншки синдром“ во 22:15 часот на Телма

„Хелсиншкиот синдром“ е нордиска серија која ја раскажува приказната за Елиас Каро, сопственик на мал …

error: Содржината е заштитена!