За разлика од нас каде турските серии се репризираат во дневни термини, во земјите од регионот, ситуацијата е сосема поинаква.

На нашите телевизии, ситуацијата е следна – на Сител телевизија, секој работен ден имаме репризи на серии од 12.20 часот до 16.50 часот со пауза за вести, а на Канал 5 имаме репризи од 13 часот до 15 часот, и потоа повторно од 16.20 часот до 18 часот, плус викенд репризи и ноќни репризи.

За разлика од нашите телевизии, телевизиите во регионот воопшто не трошат термини за репризирање на серии, па така:

- на српската Пинк телевизија премиерно одат 4 турски серии секој ден, без реприза
- на српската Хепи телевизија премиерно одат 3 турски серии секој ден, без дневна реприза
- на српската Б92 телевизија премиерно одат 3 турски серии секој ден, без реприза
- на албанската Клан телевизија, премиерно одат неколку турски серии секој ден, без реприза
- на бугарската bTV, премиерно одат три странски серии секој ден, без реприза
- на бугарската Nova, премиерно одат три турски серии, со реприза дури во 3 часот по полноќ
- на хрватската РТЛ, премиерно оди турска серија преку ден, без реприза

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
