Почетна / Телевизија / МРТ го објави ценовникот за маркетинг услуги за 2026-та година

МРТ го објави ценовникот за маркетинг услуги за 2026-та година

На својата веб страна, МРТ го објави ценовникот за маркетинг услуги по секунда за оваа година.

2. Попусти

2.1. Kлиентите кои со договор склучен со ЈРП МРТ ќе се обврзат на годишен буџет ги добиваат и следниве попусти:
• За минимум 50.000,00 евра нето во период од една година, се одобрува дополнителен попуст од 5 %
• За минимум 80.000,00 евра нето во период од една година, се одобрува дополнителен попуст од 7 %
• За минимум 125.000,00 евра нето во период од една година, се одобрува дополнителен попуст од 10 %
• За минимум 250.000,00 евра нето во период од две години, се одобрува дополнителен попуст од 15 %

2.2 Kлиентите кои со договор со ЈРП МРТ ќе се обврзат на годишен или двогодишен буџет можат да добијат дополнителен попуст за авансна уплата и тоа:
• за авансна уплата од 10 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 1 %.
• за авансна уплата од 20 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 2 %.
• за авансна уплата од 30 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 3 %.
• за авансна уплата од 40 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 4 %.
• за авансна уплата од 50 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 5 %.
• за авансна уплата од 60 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 6 %.
• за авансна уплата од 70 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 7 %.
• за авансна уплата од 80 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 8 %.
• за авансна уплата од 90 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 9 %.
• за авансна уплата од 100 % од договорениот буџет се одобрува попуст од 10 %.

2.3 Основниот попуст за маркетинг агeнциите, агенциите за закуп на медиуми, видео продукциите и агенции за односи со јавноста изнесува 10 %

2.4 Агенцијата се стекнува со право на основниот агенциски попуст со потпишување и реализација на договорите за огласување под услов Агенцијата да биде регистрирана како маркетинг агенција и/или за закуп на медиуми, видео продукциja и агенциja за односи со јавноста, правно лице во Република Македонија.

2.5 Попустот од точка 2.3 е попуст кој се одобрува исклучиво на маркетинг агeнции, агенции за закуп на медиуми, видео продукции и агенции за односи со јавноста, додека останатите правни лица кои ќе склучат договори за рекламирање со МРТ можат да ги остварат другите попусти согласно условите пропишани во овој ценовник. 2.6 Сите попусти ќе се калкулираат при потпишување на договорот и ќе бидат негов составен дел. ЈРП МРТ го задржува правото квартално да го анализира искористувањето на договорениот буџет и доколку утврди отстапки кои не се оправдани мора да го извести клиентот и ќе направи корекција на дадените попусти со издавање на финансиско задолжување. 2.7 Клиентот може да го користи откупеното рекламно време до истекот на годишниот договор или двогодишниот договор, односно истото неможе да го користи по истекот на договорот,освен во исклучителни случаи кога постои реална причина прифатлива за ЈРП МРТ или поради виша сила. Клиентот со анекс на договорот може да го искористи неискористеното рекламно време во рок од 45 денови по завршување на договорот.

3. Корекција на цените
• За позиционирање во рекламен блок,прв или последен во рекламниот блок, цената се зголемува за 20 %
• За Новогодишната програма на МРТ како програмска содржина (откупена програма) со заштитени авторски права, цената се зголемува за 100%
• За обезбедување ексклузивност во рекламниот блок во однос на конкурентски, сродни производи, цената се зголемува за 100%, со услов ТВ спотот да не биде пократок од 20 секунди.
• За ексклузивно емитување на 1 тв спот во рез (solo cut) цената се зголемува за 200%
• Ексклузивноста не подразбира и избор на позиција во рекламниот блок.

4. Kорекција на цените според временски интервал

5. Спонзорство на програмите на МТВ
• ЈРП МРТ може да склучи договор за спонзорирање на програмски содржини, а спонзорството ќе се уредува со посебен договор одобрен од страна на Надзорниот Одбор на ЈРП МРТ

6. Посебни услови на договарање • ЈРП Македонска Радио Телевизија го задржува правото за одделни емисии, програми за кои се откупени ТВ и Радио права и големи настани (Избор на песна за Евровизија, Светски или Европски Првенства, Олимпијади, настапи на македонски репрезентации на меѓународна сцена, спортски настани, како и за програми од посебен, јавен и национален интерес и слично) со посебна одлука на директор на МРТ да изготви посебна понуда за овој тип настани и да склучи одделни договори со клиентите.
• За буџетите потрошени за програми за кои постои посебна понуда не важат одредбите од ценовникот.
• Фактурирањето кон клиенти ќе се врши по истек на тековниот месец односно до 10 ден секој месец, освен доколку е постигнат договор за авансно плаќање на услугата за ТВ рекламирање.
• Плаќањето кон ЈРП МРТ се извршува во рок договорен со клиентот, но не подолг од 60 денови од денот на фактурирањето.
• Во случај кога огласувачот не ги подмири долговите за емитувана ТВ реклама, ЈРП МРТ има право да ги одбие новите нарачки за емитување на ТВ реклами. • На барање на ЈРП МРТ клиентот e должeн да достави обезбедување за плаќањето. Временски интервал Цена Од 17:00 до 21:00 +10% Од 21:00 до 24:00 +20%
• Цените се во евра, а се пресметуваат во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на фактурирањето
• При фактурирањето се пресметува ДДВ 18% • За клиенти од странство важи истиот ценовник и услови со тоа што плаќањето за извршената услуга мора да биде 100% авансно, а плаќањето се извршува на девизната сметка на ЈРП МРТ.
• Во случај на доцнење на плаќањето на доставените фактури ЈРП МРТ пресметува камата.
• Клиентите имаат право на рекламација на извршената услуга во рок од 3 (три) денови од извршувањето на услугата и по овој рок ЈРП МРТ нема да ја земе предвид рекламација.
• Клиентите имаат право на рекламација на доставената фактура во рок од 8 (осум) денови од денот на приемот на фактурата и по овој рок ЈРП МРТ нема да ја признае рекламацијата

7. Останати услови
• ЈРП МРТ го задржува правото за измена на програмската шема.
• ЈРП МРТ гарантира еднакви услови кон сите клиенти, а особено посебните услови на договарање.
• Содржината на сите склучени договори е деловна тајна, како и сите разменети податоци во текот на преговарањето при склучувањето на договори и податоците не смеат да се изнесуваат во јавност, освен според законските обврски.
• Емитувањето на ТВ рекламите е во договор со клиентот, односно по доставен медиа план од страна на нарачателот.
• Клиентите треба да го достават рекламниот материјал и медиа плановите 48 часа пред емитувањето
• Доставените рекламни материјали треба да одговараат на програмските и техничките стандарди на ЈРП МРТ, во спротивно нема да се емитуваат
• Доставените рекламни материјали треба да одговараат на законските прописи, во спротивно нема да се емитуваат.
• ЈРП МРТ има право да не емитува ТВ реклами доколку во терминот на емитување на ТВ рекламите се емитува друга емисија од јавен интерес или поради виша сила.
• ЈРП МРТ има право на промена на ценовникот за маркетинг услуги, а клиентите ќе користат маркетинг услуги според стариот ценовник до завршување на договорот.
• Ценовникот за маркетинг услуги на ЈРП МРТ е општ акт објавен на веб страната на ЈРП МРТ и е достапен до сите.
• Овој Ценовник влегува во сила 3-от ден од објавување на Огласна табла на МРТ, и важи заклучно до 31.12.2026 година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавен повик за бесплатно политичко претставување на МРТ 1

Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија има обврска да обезбеди …

error: Содржината е заштитена!