За разлика од добар дел македонските телевизии, кои најголем дел од термините за време на летните месеци ги пополнуваат со репризи како што се Телма и ТВ 24, кај српските телевизии, ситуацијата е сосема поинаква.
Па така, на Пинк телевизија премиерно се емитуваат и утринска програма, и риалити шоу, и неколку играни серии во текот на денот и вечерта.
Слична ситуација и кај другите српски телевизии. Па така, на Прва без престан си течат утринските и дневните емисии, како и лиценцираните квизови во попладневните часови и домашната сапуница во вечерните часови.
Исто е и на Хепи, каде во текот на вечерта се емитуваат премиерно неколку играни сапуници и музичка програма во живо, а во текот на денот нема никаков застој ниту на утринската програма или попладневните емисии.
Дани | ТВ Пакет