Почетна / МК Сцена / „Ноќва сум лоша, скријте чашите” – нова песна на Стојне Николова

„Ноќва сум лоша, скријте чашите” – нова песна на Стојне Николова

Стојне Николова е една од ретките за која може да се каже дека е комплетна пејачка, кога е во прашање овој вид на уметност. Пејачка која зад себе освен авторски песни, има и преработки на традиционални македонски песни.

Во својата кариера ниже хит по хит, а вчеравечер ја оправда довербата на публиката и го објави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Лоша”. Песна за која сними модерен, провокативен, но и прилично скап видео запис.

Атрактивната пејачка во видео записот се појавува во неколку провокативни изданија што зрачат со сексапил.

„Лоша” е модерен фолк кој веднаш влегува во уво, нешто поразлично од досегашните песни, новата нумера ја воодушеви публиката, а доказ за тоа е и големиот број на позитивни коментари од страна на публикатa.

И на овој проект, Стојне работеше со веќе проверен тим. Текстот е на Борчe Димитров, музиката, аранжманот и режијата се на Бобан Мојсовски, аудио продукција – Студио Анастасија и видео продукција – Артистик Филмс.

Стојне Николова со полна пареа работи на својата кариера и како што вели и самата, ужива во истото. Ова е само мал дел од сето она што следува во иднина од нејзе, а додека ги чекаме новите материјали од неа, уживајте во „Лоша”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!