Почетна / Сапуници / Алфа ја продолжува репризата на успешната серија на Канал 5

Алфа ја продолжува репризата на успешната серија на Канал 5

На местото на репризираната “Аси”, Алфа телевизија продолжува со прикажување на турскиот спектакл “Величествениот” која своевремено се емитуваше со голем успех на Канал 5 телевизија.

Гледачите ќе имаат можност секој работен ден во 16 часот да ги следат продолженијата од безвременската приказна за големиот владател султан Сулејман и неприкосновената Хурем Султан, која беше прекината летото на Алфа.

Патот на робинката до тронот и сите интриги и завери со кои ќе се соочи во грандиозниот харем на султанот е главното сиже на серијата која стана една од најпродаваните и најпопуларни на сите времиња.

Од понеделник до петок во 16.00 часот на Алфа – “Величествениот” со титл. Во недостиг на премиерни содржини, оваа телевизија продолжува со репризи на популарни серии кои своевремено менаџерските тимови на А1, Сител и Канал 5 ги купиле и успеале да профитираат од нив.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиера, репризи од турска серија за викенд навечер на Алфа

Во вечерните ударни термини, Алфа телевизија оваа сезона репризира турскa серија. Па така, секоја сабота …

error: Содржината е заштитена!