Почетна / Забава / Македонска пејачка со песна за „Покемон“, еве како звучи

Македонска пејачка со песна за „Покемон“, еве како звучи

 

Знаевте ли дека постои песна за популарните Покемони?

 

Играта “Покемон” стана феномен и во Македонија, а и во целиот свет. Глобална хистерија по покемони ги зафати многумина, а логично објаснување за големата популарност на играта и нема. Покемон гоу е најголемата мобилна игра што светот досега ја видел. Постојат повеќе од 21 милион корисници на апликацијата само во САД. Милиони покемон-зависници или љубопитни ликови има и по Јапонија, Кина, делови од Европа…

 

 

Покемоните се бараат насекаде, на улица, по тротоари, под пешкири на плажа, во паркови, музеи, по планини, продавници, меѓу троседи и на секое вообичаено и невообичаено место. За многумина оваа игра е нешто ново и забавно, за многумина е интересно затоа што се игра надвор од дома, за друг дел е напредна верзија на игрите Нинтендо од детството, додека пак за најголемиот дел е сеќавање на популарниот цртан филм “Покемон”, кој своевремено се емитуваше и во Македонија на А1 телевизија.

 

 

Јапонската серија и тогаш привлече големо внимание, но сега Покемоните се интересни не само за децата, туку и за возрасните. Ве потсетуваме дека А1 сними и македонска верзија на насловната музичка нумера на серијата, која ја испеа македонската пејачка Верица Пандиловска. Слушнете како звучи :

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!