Почетна / Сапуници / Инфо | „Виорот“ и „Розата“ со продолжено времетраење на Сител

Инфо | „Виорот“ и „Розата“ со продолжено времетраење на Сител

 

Нови термини за турските серии на Сител

 

Гледачите на Сител телевизија од сега ќе уживаат во нивните омилени турски серии “Во виорот на судбината” и “Црната роза” во продолжено времетраење. Имено, Виорот од сега ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок со почеток од 19:45 часот, а “Црната роза” веднаш по неа, некаде околу 21:15 часот.

 

 

Во наредните епизоди, Виорот ќе ги разниша уште посилно судбините на сурогат мајката и семејството кое опсесивно очекува рожба од неа, а пак заробена меѓу оковите на традицијата и желбата да обезбезди убав живот за своите деца, Црната роза ќе мора многу поцврсто да се соочи со своите непријатели и да се избори против сите неправди кои и беа нанесени.

За викенд вечерите, ќе се емитува комедијата “Убавата селанка”, секоја сабота и недела по Дневникот на Сител.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!