Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (23. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (23. продолжение)

Алис гледаше директно во очите на Елиса. Нејзината роднина ја бараше вистината од неа и Алис беше подготвена да проговори. Направи чекор кон Елиса, но девојката направи чекор наназад.
– Те молам, Елиса, смири се. Кога претходно рече дека се чуствуваш неразбрано, помислив дека ние две имаме нешто заедничко.

 

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 23 – „Бес“

 
Алис гледаше директно во очите на Елиса. Нејзината роднина ја бараше вистината од неа и Алис беше подготвена да проговори. Направи чекор кон Елиса, но девојката направи чекор наназад.
– Те молам, Елиса, смири се. Кога претходно рече дека се чуствуваш неразбрано, помислив дека ние две имаме нешто заедничко.
– Што сакаш да кажеш? Можеш ли да бидеш појасна, те молам?
– Можеби делувам како сигурна и стабилна личност, но и јас сум сама и неразбрана. Те молам, Елиса, разбери ми, многу си ми драга, како сестра…Те чуствувам како да те познавам целиот живот. Елиса, јас сум навикната да ги изразувам своите чуства, и знам дека честопати погрешно сум разбрана…
Дијалогот помеѓу девојките не можеше да продолжи, кога во собата влезе Естер, загрижена по она што го слушна, потрча во прегратките на својата ќерка.
– Елиса!
– Мамо!, – крикна девојката со раширени раце. Имаше потреба од засолниште таа вечер, а имаше ли подобар бункер од прегратките на својата мајка.

Откако Енцо и даде време на својата сестра да се облече, ја зеде со себе, речиси присилно на својот коњ и ја одведе на Темпестад. Не можеше да поверува дека неговата сорела, крвта на неговата крв ја начека во интимен однос со човекот кој го презираше. Згора на се тоа беше нејзината работа, наплаќаше за услугите на своето тело. Таа вистина му го параше срцето.
– Што сакаш од мене?, – го праша Кристина кога влегоа во неговата соба. – Повторно ќе ме удриш? Не можеш да ме промениш, Енцо. Јас сум таа која сум и ништо нема да ме промени.
– Што се случува овде?, – праша Марија Грација, која како и останатите на фазендата не можеше да запие таа ноќ. – Зошто си ја довел тука, Енцо?
– Зошто никогаш не ми кажа дека нашата сорела работи како курва во селото, Марија Грација?
Марија Грација можеше да го прочита бесот на својот брат преку зениците на неговите светли очи. Никогаш во животот го немаше видено така лут.
– Не ти кажав за да не те налутам, фратело. Оваа нема лек, – одговори покажувајки со презир кон својата сестра.
– Оваа, како што велиш, Марија Грација е наша сорела. Наша сестра.
– За мене не е! За мене е обична курва. Оваа жена има ѓавол во своето тело.
– Како се осмелуваш така да зборуваш за мене?, – Кристина беше подготвена со канџи да ја одбрани својата чест, практично се нафрли врз својата сестра, но Енцо успеа да ги раздели.
– Престанете двете! Марија Грација, остави не сами.
– Енцо, ако дон Фаусто ја види тука, ќе си имаш проблеми со него…
– Јас ќе се погрижам за тоа. Остави не, – и нареди повторно, овој пат со повишен тон.
– Никогаш повеќе нема да се вратиш во тој бордел!, – Енцо и рече на Кристина, откако останаа сами. – Ќе бидеш со мене од денес…
– Дури и да ме држиш закована, јас нема да останам овде. Ќе побегнам веднаш штом можам.

По враќањето на Фаусто на фазендата, целата фамилија беше собрана во дневната просторија, каде што Фаусто ги распрашуваше двете девојки за немилата случка.
– Што точно видовте, Елиса?
– Јас не видов ништо, Алисиња виде, – одговори девојката, префрлајки го сиот товар на рамото на својата роднина. На крајот, тоа беше нејзина лага, нека се снаоѓа како умее, помисли.
– Што виде, Алисиња?, – Анибал ја праша својата свршеница.
– Видов сенка или некој, не помнам убаво. Можеби било само сон…
Лукреција гледаше сомнително во својата ќерка. За прв пат таа вечер и се пристори дека Алисиња мати некоја вода.
– Како тоа си сонувала?, – праша Фаусто.
– Не знам, гледате дека сум нервозна, не ми поставувајте повеќе прашања.
– Алисиња, можеш ли да бидеш појасна, те молам!, – побара нејзината мајка.
– Виде некого или не?, – праша и Естер, која не ја пушташе од прегратка својата ќерка.
– Мислам дека видов…Но, не сум сигурна.
– Можеби грешам, но кога излегов во градината, првиот маж кој го видов беше Енцо, – се замеша Антониета, сметајки дека нејзиниот суд ќе помогне во откривањето на натрапникот. – Можеби италијанецот ги шпиунирал девојките.
– Тоа е невозможно, – негираше Естер. Ваквиот нејзин одговор предизвика остар поглед од страна на нејзиниот сопруг. – Самата Алис кажа дека можеби сонувала, – додаде во своја одбрана. – Ајде да одиме сите да легнеме, ќе продолжиме утре со трезни глави.
– Испрати ги девојките во своите соби, Естер!, – и заповеда Фаусто и веќе во следниот миг, просторијата се испразни. Останаа само Фаусто и Антониета.
– Фаусто, морам да разговарам со тебе, – рече таа. – Се работи за Естер.

Откако се погрижи за својата внука и ќерка, Естер влезе во својата соба, подготвувајки се за спиење. Мирот кој владееше го прекина Фаусто, кој влезе треснувајки ја вратата зад себе.
– Фаусто, ме преплаши до смрт.
– Каде беше вечерва, Естер? Зошто си излегла сама во ноќта? Одговори ми, проклета!
Ја зграпчи толку силно, што чуствуваше како да и престанува дотокот на крвта во раката. Го гледаше со страв и се плашеше од својот одговор.

Енцо беше и повеќе од јасен таа ноќ, соочувајки се со својата сестра.
– Никогаш повеќе нема да се вратиш во тој бордел! Од денес, ќе бидеш под моја заштита.
– Дури и да ме држиш закована, јас нема да останам овде. Ќе побегнам веднаш штом можам.
– Навистиа? Ајде да видиме, – додаде тој гневно, грубо и ги зеде рацете и ја изнесе од собата. Кристина се молеше да биде пуштена, но беше залудно.

Кога Естер успеа да се ослободи од силната рака на својот сопруг, седна на креветот, доаѓајки до здив.
– Прости ми што ќе ти го кажам ова, но не се чсутвувам сакано од тебе, Фаусто. Се чуствувам напуштено. Прости, но вистина е. Затоа и понекогаш излегувам сама, за да ги средам своите мисли,се сеќавам на времето кога беше нежен со мене…Кога бев се за тебе.
– Сигурен сум дека Лукреција ти ги ставила овие апсурдни мисли во глава.
– Не! Лукреција нема врска со ова, ти се колнам.
– Не можам да те препознаам, Естер. Ти не беше ваква. Ти таиш нешто.
– Помалку сум нервозна, тоа е се, – покорно рече таа, плашејки се од неговиот волчји поглед.
– Но, зошто?, – ја праша, подигнувајки и ја брадата.
– Не знам.
– Дојди, – и рече нежно земајки ја во прегратка. Почна да ја љуби диво, најпрво по вратот, па по лицето, додека со рацете ги милуваше нејзините препони под сатенската ноќница.
– Те молам, немој вечерва, Фаусто. Изморена сум…
– Кој да те разбере, Естер. Велиш дека си осамена и се чуствуваш несакано а ме одбиваш во своите должности како сопруга.
– Вечерва не…
– Во ред, – мирно рече тој, стана од креветот, го прочисти грлото и и посака добра ноќ пред да ја напушти собата.

Првите утрински часови минуваа полека. Сонцето, на почетокот срамежливо почна да го позлатува полето. Бидејки ноќта беше свежа, на пампата, пролетните утра беа интензивно студени, што ги приморуваше работниците да запалт оган, каде што ги палеа своите цигари и печеа месо на жар.
Уште рано тоа утро, Енцо го побара Фаусто во неговата библиотека, со молба и барање да дозволи Кристина да може да остане да живее на Темпестад.
– Тоа го барам од вас, дон Фаусто, бидејки не сакам мојата сестра да се врати да живее на тоа место. Тоа ќе биде само привремено, додека не одлучам што да правам со неа.
– Твојата сестра не е добар пример за моите деца. Кристина е грешница со неморален занает.
Ваквите зборови го погодија Енцо. Фаусто немаше против да ужива во занаетот на таа грешница, но имаше против да и даде засолниште и дом на кратко време.
– Вие сте католик, дон Фаусто?
– Да, секако дека сум, – потврди.
– Тогаш, како добар католик сигурен сум дека можете да ги разберете оние маченици кои скршнале од правиот пат. Сигурен сум дека како добар католик знаете дека треба да им помогнете на оние на кои им е потребна помош.
– Секако, но јас не сум сигурен дека Кристина сака да го остави тој живот.
– Не грижете се за тоа. За тоа јас ќе се погрижам, – го уверуваше Енцо.
– И од каде си толку сигурен дека таа нема да падне на искушението и дека нема да се врати таму?
– Кристина е млада жена на која и е потребна љубов и внимание. Потребен и е некој кој ќе се грижи за неа. Затоа јас сум и брат. Газда, знам дека Вие сте човек кој верува во Бога, човек кој знае да им помогне на безпомошните. Затоа и Ви се обратив. Ќе дозволите ли Кристина да остане на Темпестад и да работи за Вас?

Продолжува во петок…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!