Почетна / Филм / Авантура и акција за велигденската филмска вечер на Сител

Авантура и акција за велигденската филмска вечер на Сител

 

Смеа, авантура и акција за Велигден на Сител

 

Велигденска филмска вечер со Сител телевизија. По неделниот ручек, Сител телевизија ќе ве одмори со вториот дел од епската приказна за “Бен Хур” кој на програмата ќе се емитува со почеток во 17 часот.

 

 

Ќе успее ли Бен Хур да ја спроведе одмаздата против својот некогашен пријател и сегашен непријател? Ќе успее ли да го врати тоа што го изгуби и да биде повторно заедно и среќен со своето семејство? Во денови на покајание и слога, филмот ќе ве потсети на вистинските животни вредности токму на овој, најголем христијански празник – Велигден.

 

 

Најгледаната викенд програма “Добриот домаќин” ќе ја следите веднаш по централниот велигденски Дневник на Сител. Во празничната епизода, насмејте се уште еднаш со добриот домаќин и богатото семејство кое се обидува да се прилагоди на сиромашниот живот.

 

 

По “Добриот домаќин”, во 21 часот, следува второто продолжение од научнофантастичната акција за познатите “Нинџа желки”. Леонардо, Микеланџело, Рафаело и Донатело ги очекуваат нови авантури и нови борби со Секачот, кој овојпат се враќа да се одмазди за тоа што му беше нанесено. Oсвен Секачот, тука се и новите непријатели на омилените херои од детството.

 

 

И за крај на вечерта, ноќна акција со легендарниот Џеки Чен во продолжението на “Проект А”. Нашиот јунак Драгон Ма го очекува нова борба со озогласените пирати кои се враќаат да го одмаздат убиениот капетан од првиот дел.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд кино на Сител со италијански вестерн, романса и комедија

Во сабота (22 февруари) во пладневниот термин, Сител ќе го емитува италијанскиот вестерн класик “Денес …

error: Содржината е заштитена!