Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Срвајвр – пресек на 10-от ден

Срвајвр – пресек на 10-от ден

Натпреварувачите кои племето Матамбо ги исфрли, имаат шанса за враќање. Тие ќе се борат во дуели, а победникот на сите тие дуели ќе може да се врати во обединетото племе. Исто така, тој ќе избере еден цимер од Островот на исфрлените кој ќе го поведе со себе.

 

 

Пресек на 10-от ден

 

Првиот дуел ќе биде резервиран за Јелена и за Миа. Тие мораат да држат тотем на стап, кој ќе станува се подолг како што ќе минува времето во играта. Иако и двете натпреварувачки максимално се концентрирани, Јелена ја носи победата и како додатна награда добива пила и голем компир. Шминкерката истакнува дека Миа е одличен противник, во обединетото племе таа со себе ќе ја понесе токму актерката.

 

Следува нова борба за имунитет – рагби во песок. Во означените полиња во песокот, закопани се перници што треба да бидат пронајдени и вратени на стартната позиција. Со оглед на тоа дека се работи за рагби, физичкиот контакт е дозволен, како и борбата околу перницата. Играта се состои од неколку етапи и за секоја се одредени посебни тимови. Со оглед на тоа дека Борука има два члена повеќе, Огњен како поглавар на племето носи одлука Ава и Милан да не играат овојпат. Секоја пронајдена перница носи по еден поен, а кое племе ќе собере по три поена, го освојува имунитетот. По долгата и тешка борба во песокот, Невен ја носи победата за Матамбо. Ова племе одлучува Алекс да ја прати на Островот на исфрлените за да се обиде да го пронајде имунитетот.

 

Кога се вратија во племето, Борука констатираше дека Алекс му попуштила на Невен да побегне со перницата оти наводно била во договор тие да и ја дадат можноста да оди во потрага по имунитетот. Станија смета дека Алекс е еден голем предавник, некои од членовите не сакаат да зборуваат за тоа се додека не се врати Алекс. 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …