Почетна / Серии / Од 11. февруари на МРТ1 – „Легендата за Хиспанија“

Од 11. февруари на МРТ1 – „Легендата за Хиспанија“

 

„ЛЕГЕНДАТА ЗА ХИСПАНИЈА“
наместо од 04. како што беше најавено, МРТ1 одлучи премиерата на оваа серија да ја емитува на11.02.

 

 

„Легендата за Хиспанија“ е шпанска историска драма, сместена на Иберискиот полуостров, во вториот век п.н.е. Серијата започна да се прикажува на 25. октомври 2010. година на Антена 3. Поради одличната гледаност, серијата беше обновена за втора и трета сезона.

 

 

Хиспанија, вториот век пред новата ера. Во светот каде моќта на неколкумина ги одредува животите на многуте, една бунтовничка група Хиспанци, под водство на Вириато, ја избира сопствената судбина. Тие одлучуваат да се борат против Рим за да ја одбранат својата територија, Хиспанија. Вириато е скромен хиспански овчар, кој ужива во мирниот живот покрај својата ќерка Алтеа. Но, доаѓањето на римските војници, предводени од Галба, ќе ја промени неговата судбина. Неговото село е нападнато и тој, исполнет со омраза, се колне дека ќе се освети, борејќи се со Римјаните до смрт.

Улоги: Роберто Енрикез, Хуан Хозе Баљеста, Натали Поза, Ана де Армас, Хесус Олмедо, Мануела Вељес…

 

 

 

Ана Петровиќ | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полициската серија „White collar“ секој работен ден на Нова С

Од 15 октомври во 20 часот на кабловската Нова С започнува нова американска возбудлива акција. …