Почетна / Забава / „Љубојна“ вчера и подари љубов на публиката, вечерва втор концерт!

„Љубојна“ вчера и подари љубов на публиката, вечерва втор концерт!

 

Вчеравечер во Универзалната сала се случи првиот концерт на „Љубојна“ од двата закажани за овој викенд. Она што се очекуваше – тоа и го дадоа, насмеани лица полни со импресии ја напуштија салата по завршувањето на тричасовниот концерт.

 

 

Вокалистката Вера Милошевска и тринаесетте музичари на сцената беа дочекани со огромен аплауз, малку и требаше на многубројната публика да стане на нозе и да аплаудира во ритамот на музиката. Веселиот предновогодишен концерт ќе се повтори уште еднаш вечерва со почеток во 20:30 часот.

 

 

Секоја песна на „Љубојна“ беше наградена со огромен аплауз, но кулминацијата очекувано се случи на големиот хит „Твоите очи, Лено“.

 

 

 

 

 

Фото: Утрински

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!