Почетна / Живот / Чудо од Господ!

Чудо од Господ!

Црковниот храм Св. Димитрија во Скопје утрово ги зачуди свештенециите откако ги отвориле портите. Старата црква добила нови фрески, односно ореолите се исчистиле сами од себе, а како сега цртани биле и останатите делови фреско живописот, објавува Сител телевизија.

 

 

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан попладнево дошол во Св. Димитрија за лично да се увери во чудото за кое и самиот слушнал. Од Митровден пристапот до црквата е речиси целосно блокиран, ова велат свештените лица го намалило бројот на верниците. Свештенството верува дека светецот чие име го носи црквата со ова го изразувал своето жалење. Ако претходно овде се правеле по дваесетина свадби неделно, сега вкупно толку се правеле за една година.

Според црковните преданија вакво чудо досега било забележано во срква во Русија, кај нас ова се случува за прв пат, се вели во прилогот на Сител.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо | Третиот извештај за напредок во животна средина од UNECE

Напредокот во управувањето со животната средина на Македонија е оценет како недоволен, нема усвоено доволно …