Почетна / Забава / Фото | Харис, Хари и Весна Змијанац запеаја на македонски!

Фото | Харис, Хари и Весна Змијанац запеаја на македонски!

 

”Јовано Јованке” и ”Македонско девојче” публиката во арената ”Борис Трајковски” имаше можност да ги чуе во изведба на едни од најголемите пејачи на овие простори – Хари Мата Хари, Весна Змијанац и Харис Џиновиќ

 

 

Хари Мата Хари, Весна Змијанац и Харис Џиновиќ најавија вистински спектакл и истиот го одржаа. Арената “Борис Трајковски” затсиноќа беше претесна за да ги собере сите фанови кои во еден здив ги пееја сите нивни песни од почеток до крај.

Концертот го отвори Хари Мата Хари.

„Добровечер Македонијо, одамна не сме се виделе. Време е за лумперајка“, рече тој и почна да ги реди хитовите кои ја имаат одбележано неговата тридецениска кариера.

 

 

“Страх ме да те волим”, “Не ломи ме”, “Као домине”, “Лејла”… беа песните кои го означија стартот.

Крајот, пак, од неговиот блок беше резервиран за брзите “Прстен и златни ланац” и “Ја не пијем”. Разиграната атмосфера дополнително ја загреа Весна Змијанац, која на сцената беше дочекана со грамогласни аплаузи и овации.

 

 

Идем преко земје Македоније, иде срце где ми милије…” беа стиховите со кои ја купи публиката која во ниту еден момент не ги штедеше дланките. Jаготка на шлагот беше Харис Џиновиќ.

„Многу сум среќен што гледам толку насмеани лица. Време е за пеење и танцување. Ајде да се расположиме“, рече тој додека во позадина се слушаше мелодијата од “Рано је за тугу”.

 

“Пререано сам с тобом упознао бол…” запеа тој, а во истиот момент целата сала загреме од неговиот моќен вокал.

“Паришке капије”, “Муштулук”, “И тебе сам сит кафано”, “Како ми недостајеш”… беа хитовите со кои се заокружи неколкучасовната журка. Некаде кон крајот, на изненадување на сите присутни, спонтано и непланирано на сцената на Харис му се придружија Весна и Хари и заеднички ги испеаја “Јовано Јованке” и “Македонско девојче”. Концертната забава на годината помина, но импресиите и впечатоците сумирани од него уште долго ќе се прераскажуваат!

 

фото: Вечер

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 со емисија за отворањето на штипско „Angels cafe“

Во недела (8ми септември) во 17.45 часот на телевизија 24 ќе се прикажува новото издание …