Почетна / Сапуници / Фото | Како изгледа Марисол денес?

Фото | Како изгледа Марисол денес?

 

Пред десетина години на една од македонските телевизии се емитуваше шпанската серија „Марисол“, приказна за девојка која живее сиромашен живот, а потекнува од богато семејство, девојка со лузна на лицето која дополнително и го отежнува животот. Серијата „Марисол“ беше вистински хит во Македонија, а исто така и песната од најавната шпица која ја отпеа Енрике Иглесиас.

 

 

Актерката Ерика Буенфил која маестролно ја одигра улогата на Марисол пред неколку месеци се врати во светот на теленовелите. Таа ја прифати улогата за серијата „La Gata“ каде ќе глуми заедно со популарната Маите Перони, поранешна членка на музичката група RBD и ѕвезда на теленовелите, во Македонија позната како Маричуј. Во прилог е синопсисот за серијата „Марисол“ за да се потсетите и фотографија од Ерика Буенфил денес.

 

 

Синопсис

Марисол е мила и скромна девојка, кој живее со својата мајка Софија во еден сиромашен кварт во Мексико Сити. Нејзиното детство било тешко, бидејќи како мала се повредува со скршено огледало и на лицето и останува лузна. Поради таа лузна, Марисол го покрива лицето со дел од косата и е осудена на постојани понижувања од луѓето. Младата девојка се прехранува себеси и мајка и со продажба на вештачки цветови, но свршеникот Марио кој живее во истиот кварт постојано и ги зема заработените пари. Марио ја искористува Марисол за пари, а всушност секусално се задоволува со Сулема која исто така живее во тоа соседство. Софија не го сака тој човек за својата ќерка и ја моли ќерка си да го остави, но таа не ја слуша. Кога жената се разболува сериозно, се обидува да и признае на Марисол една длабоко криена тајна – и кажува дека нејзиниот дедо е богат, оти оставила писмо каде кажува кој е тој и ја моли Марисол да го побара. Софија умира, а Марисол останува сама на светот не сакајќи да го најде своето вистинско богато семејство затоа што смета дека токму дедо и е виновникот што таа и мајка и останале сиромашни.

 

 

Но по некое време, Марисол на плоштадот се запознава со прекрасно момче – богатиот и привлечен Хосе Андрес. Марисол решава да го напушти Марио и да влезе во врска со Хосе Андрес. Двајцата се вљубуваат на прв поглед и момчето ја одведува дома девојката. Во богатата вила, Хосе Андрес живее со своите родители Ампаро и Леонардо, како и со својот харизматичен дедо дон Алонсо дел Ваље. Сите се против врската со “грозната продавачка на цветови”, освен неговиот дедо. Тој дури и предлага нова работа на нежното девојче во неговата голема куќа. Набрзо дон Алонсо во соработка со својот батлер го наоѓа писмото на Софија и дознава дека неговата ќерка Софија умрела и дека неговата крвна наследничка и внука е Марисол. Но, Алонсо не сака да и го открие тоа плашејќи се дека Марисол го мрази својот дедо и ќе го напушти. Алонсо сега се плаши за врската меѓу Марисол и Хосе Андрес затоа што се братучеди, но откако ќе дознае дека Ампаро го зачнала Хосе Андрес со друг човек, решава сето тоа да го открие. Ампаро, мајката на Хосе Андрес, снаа на дон Алонсо и воедно вујна на Марисол дознава дека Марисол е ќерката на Софија и од тој момент решава да и го загорчи животот на девојката. Целта на Ампаро е нејзиниот син Хосе Андрес да го добие наследството и да се ожени со убавата и угледна Росана, па затоа ќе ги убие сопругот Леонардо, свекорот Алонсо, батлерот и ќе му нареди на Марио, бившиот дечко на Марисол да ја убие Марисол за голема сума на пари. Марио ја киднапира Марисол, но решава пред да ја убие, да си поигра со неа кажувајќи и дека она е вистинската внука на дон Алонсо и единствената наследничка на богатството. Ужасната од страшната вистина за своето потекло и бегајќи од Марио, Марисол доживува несреќа и паѓа од планината, а Марио и пренесува на доња Ампаро дека ја убил Марисол. По несреќата, едно богато семејство – пластични хирурзи ја наоѓат Марисол и и ја оперираат лузната на лицето, па така Марисол решава под друго име да се врати во градот за да им се одмазди на тие што сакаа да ја убијат и да го добие наследството кое дедо и и го оставил. Никој не ја препознава Марисол во згодната и освежена фигура па дури и Хосе Андрес се вљубува во неа не знаејќи дека таа е всушност неговата стара и непреболена љубов Марисол за кого мајка му му имаше кажано дека го напуштила. За времето додека Марисол била отсутна, Хосе Андрес под притисок се оженил со пакосната и богата Росана која од своја страна го изневерува со Марио. Но на денот кога се чита тестаментот од покојниот дон Алонсо, Марисол пред сите изјавува дека таа е Марисол и вистинска наследничка на целото богатство. Сите се шокирани, особено Ампаро која веруваше дека Марисол е мртва. Сега сите остануваат под милост и немилост на богатата Марисол дел Ваље. Добрата Марисол и простува на Ампаро се што и направила, а воедно не може да ја порекне ни љубовта која се уште ја чувствува кон Хосе Андрес. Хосе Андрес и Марисол сфаќаат дека нивната љубов е бесмртна и затоа Хосе решава да се разведе од Росана. Но, во тој момент Росана е убиена од љубовникот Марио и единствен осомничен е Хосе Андрес. Хосе Андрес завршува во затвор, осуден на 18 години робија, а Марисол дознава дека е бремена од него. Двајцата се венчаат во затворот, а по некое време, Марисол раѓа син. Но во болницата Марио решен да и се одмазди на Марисол за сите понижувања, и го краде детето решава да го одгледува како свој син и да го искористува. Неутешна и разочарана, Марисол лута по улиците и наоѓа напуштено девојче во картонска кутија истите денови кога е пуштена од болница. Решава да ја посвои и да ја одгледува како своја ќерка. Не знаејќи за сите злодела на Ампаро, Марисол сепак прифаќа Ампаро да остане да живее во вилата и да се грижи за Ванеса, девојчето кое го најде и посвои. По 18 години, Хосе Андрес е пуштен од затвор и се враќа во куќата кај Марисол. Кога се се чини решено, кога Марисол и Хосе Андрес конечно мислат дека нема пречки на нивната љубов, се појавува една голема пречка. Ванеса, посвоената ќерка на Марисол се вљубува во Хосе Андрес и решава по секоја цена да го раздели од својата мајка, а во тоа повторно и помага Ампаро. Се појавува и синот на Марисол, Чема кој живее злоупотребуван од Марио и Сулема кои го терааат по цели денови да работи.

Долга и напорна ќе биде борбата на Марисол да го пронајде синот, да остане со Хосе Андрес и да се избори против Ампаро, Марио и Ванеса.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | На снимањето на последните епизоди од „Далеку од дома“

Костимираната телевизиска серија на Сител се приближува кон големото финале. Додека ги следиме последните случувања …

error: Содржината е заштитена!