Почетна / Телевизија / Финалето на „Ѕвездички“ до 3 по полноќ, публиката со критика до Пинк

Финалето на „Ѕвездички“ до 3 по полноќ, публиката со критика до Пинк

 

Пинк ги измачи децата – пеење до 3 часот наутро

 

Спектакуларното финале на музичкото шоу “Ѕвездички” траеше скоро осум часа, од 20:30 часот до 3 часот по полноќ. Десет суперфиналисти прво имаа прилика да испејат по една песна, по што следеше пресек на гласовите и исфрлање на двајца од кандидатите. Преостанатите осум пееја по уште една песна, па пак следеа елиминации, па пак пеење, па пак елиминации се’ додека не се дојде до последните два кандидати – Трајче и Марија. И Трајче и Марија пееја по уште една финална песна, онаа која го одбележи нивното присуство овие десет месеци во ова шоу. Потоа следеше прогласување на победникот и завршница со химната на “Пинк ѕвездички”.

 

 

За време на финалето, неизбежни беа и коментарите од жирито на завршетокот од секој настап, и рекламите кои беа чести, а се случија и два технички проблеми кои за кратко го пркеинаа шоуто. Проблемите настанаа на настапите на победничката Сердар, а водителката Маријана рече дека се случиле струјни удари и тоа од маестралниот вокал на Сердар која ја здрмала салата на Пинк телевизија.

 

 

Во секој случај, и македонската и публиката во регионот со осуда до Пинк телевизија.

“Не ги мачете децата. Исцрпени се. 3 часот е”

“Пинковите ѕвездички влегоа во порно термин”

“Нормални ли се овие од Пинк што ги тераат децата да пејат до 3 сабајле” – беа само дел од коментарите кои можеа да се прочитаат на социјалните мрежи. Многу пеење, но и многу гласање. Очигледна беше тенденцијата на Пинк телевизија да добие пари од толку гласање.

 

 

Шоуто продолжува во регионот со втора сезона од септември. Кај нас ќе го емитува повторно Сител телевизија, која ги откупи правата и за шоуто на возрасните “Пинк ѕвезди”, кое досега го емитуваше Алфа телевизија. Аудициите за малите но големите ѕвездички ќе се одржат на 17 јули во просториите на Сител телевизија во 13 часот.

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телекабел ја зголемува ТВ преплатата од 450 на 650 денари месечно

Над 44 проценти покачување за сите ТВ корисници на Телекабел. Од 1 јули, досегашната цена …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!