Почетна / Филм / Филмски викенд на Телма со Џоли, Хопкинс и Адам Болдвин

Филмски викенд на Телма со Џоли, Хопкинс и Адам Болдвин

Овој викенд на Телма ќе ги следите следниве филмски остварување :

сабота, 25 август, 19.10 часот – “Беовулф”

 Чудовиштето Грендел ги тероризира жителите на Данска. Единствениот кој може да го победи е најмоќниот воин Беовулф. Но во борбите следува одмазда од мајка му на Грендел која ќе стори се за да го уништи херојот. Не пропуштајте го визуелниот спектакл на режисерот- оскаровец Роберт Земекис. Главните улоги ги толкуваат: Реј Винстон, Ентони Хопкинс, Џон Малкович и Анџелина Џоли.

сабота, 25 август, 22.10 часот – “Полна воена опрема”

Под команда на наредникот Хартман се одвива сурова обука за регрутирање на војници во еден камп во Јужна Каролина. Во вториот дел од воената драма, ќе ги видиме судбините на војниците и крвавиот исход уште пред заминувањето во Виетнам.

Воена драма од 1987 година на Стенли Кјубрик, а Американскиот филмски институт ја има рангирано на 95 место во листата на “AFI’s 100 Years…100 Thrills”.

недела, 25 август, 22.10 часот – “Засолни се”

“Take shelter” (2001) е психолошки трилер на Џеф Николс, кој зборува за еден мирен семеен човек што ќе го разбрануваат апокалиптични соништа. Додека спасот го бара градејќи засолниште,со неговото семејство и општеството влегува во бура од неразбирање.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинескиот филм „Последниот волк“ во сабота на ТВ 24

Во новата телевизиска сезона, телевизија 24 ќе емитува по еден премиерен игран филм неделно и …

Leave a Reply