Почетна / Забава / Турнејата на Бијонсе започнува во Белград

Турнејата на Бијонсе започнува во Белград

 

Светската турнеја на Бијонсе насловена како „The Mrs. Carter Show World Tour“ отпочнува на 15. април во Европа со концертот во Белград, соопшти Парквуд ентертејмент. Концерти ќе се одржат во дваесет европски градови, додека северно-американската турнеја почнува на 28. јуни во Лос Анџелес, а во септември Бијонсе треба да настапи на најголемиот музички фестивал „Рок во Рио“ во Рио де Женеиро.

 

 

„The Mrs. Carter Show World Tour“ се очекува да биде поголемо од кое билo претходно шоу на Бијонсе и е планирано да трае повеќе од една година, вториот бран од турнејата е планиран за Латинска Америка, Австралија и Азија. По историскиот настап на Pepsi Super Bowl XLVII шоуто на полувреме, Бијонсе и официјално се враќа целосно на турнејата. Ова е нејзина прва турнеја по „I AM…WORLD TOUR“ во 2009, со нова, похрабра и врвна продукција. Продажбата на билетите за европската турнеја е веќе во тек. Pepsi, MasterCard и Coty се партнери на „The Mrs. Carter Show World Tour“. Целосни информации за турнејата се достапни на www.beyonce.com

Поп ѕвездата неодамна склучи договор со компанијата Pepsi со што стана нивно заштитно лице, а покрај телевизиската реклама, Pepsi ќе лансира лимитирана едиција на пијалакот со лицето на Бијонсе на амбалажата. Овој договор исто така вклучува и партнерство со Pepsi на нејзината светска турнеја. Последната турнеја на Бијонсе „I AM…WORLD TOUR“ го освои првото место на топ листата за турнеи на Billboard. Шоуто воодушеви над 1.1 милиони луѓе во 32 држави на шест континенти. Бијонсе е една од најпризнатите и високо почитувана жена во поп културата. Соло пејачка, глумица, филантроп и бизнис жена. Досега има издадено четири број еден албуми и продадено над 75 милиони копии низ светот. Нејзината работа и донесе бројни награди и признанија вклучувајќи и16 Греми награди. На 16. февруари, HBO премиерно ќе го емитува „Life Is But A Dream“, интимен документарен филм во режија и продукција на Бијонсе. Филмот овозможува пристап без преседан во светот на Бијонсе на сцената и надвор од неа.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …