Почетна / Серии / “Стрели на судбината” од утре на скопската МТМ

“Стрели на судбината” од утре на скопската МТМ

 

Новозеланската драма “Стрели на судбината” на локалните телевизии

 

“Стрели на судбината” е серија снимена во Ноз Зеланд во 107 продолженија во периодот од 2005 до 2010 година од страна на South Pacific Pictures. Серијата доживеа голем успех во Ноз Зеланд и се смета за нивна најдолга драма, а потоа беше прикажана и во Австралија, Канада, Италија, Велика Британија, Естонија, Србија и Црна Гора. Во Македонија веќе се прикажуваше на дел од локалните телевизии, а и сега се уште се емитува во Тетово и други градови. Премиерно во Скопје започнува утре (понеделник) на МТМ телевизија и ќе се емитува од понеделник до петок во 22 часот. Насловната нумета “Gutter Black” ја изведува Hello Sailor.

 

 

Серијата ја раскажува судбината на едно семејство кое ќе мора да се навикне на новиот начин на живот откако Волф Вест, главата на семејството, е уапсен поради низа криминални дела. Тогаш неговата жена Шерил ги собира нивните четири деца Лорета, Ван, Паскал и Џетро и им кажува дека нивното семејство од сега започнува чесно да заработува и засекогаш да го остави криминалнот зад себе. Шерил со неколку пријателки започнува бизнис на продавање на женска долна облека, а во неа се вљубува полицаецот Џуд. Но, кога нејзиниот сопруг е пуштен во домашен притвор, Џуд прави се’ за да ги раздели Шерил и Волф и Волф да го врати зад решетки. Во меѓувреме децата на Шерил се соочуваат со секојдневни животни проблеми, некои започнуваат тајни романси, а некои почнуваат да го кршат законот. Тука е и свекорот на Шерил кој се справува со втората жена.

Оној што никогаш нема да го прифати новиот начин на живот на семејството е Волф кој само со криминал смета дека може да создаде голема империја за себе и за своето семејство.

 

 

Улоги: Robyn Malcolm (Шерил), Anthony Starr (Џетро/Ван), Siobhann Marshall (Паскал), Antonia Preble (Лорета), Grant Bowler (Волф)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворската драма „Orange is the new black“ премиерно на Нова

Oд понеделник до петок во 21 часот на кабловската Нова С се емитува американската драма …