Почетна / Забава / Скопје го доживеа најфантастичниот музички настан досега

Скопје го доживеа најфантастичниот музички настан досега

 

Забава од светски ранг вчеравечер му се случи на Скопје, публиката во Македонија не памети ваква журка на толку голем простор досега!

 

 

Првото издание на фестивалот „Скопје колинг“ го донесе мегапопуларниот диџеј Дејвид Гета, а сетот со него го делеше германскот продуцент Робин Шулц кој беше само најава за она што следуваше.

 

 

Како што наближуваше полноќ возбудата се повеќе растеше, а лудилото од Националната Арена „Филип Втори“ се слушаше и во околните скопски населби. Скопје оваа вечер беше подготвено да остане без сон и тоа и се случи.

 

 

Неповторливиот Дејвид Гета се појави точно на полноќ и веднаш почна да владее со публиката, тешко беше да се види посетител на концертот кој не беше доведен до лудило. Концертот беше посетен од 25.000 луѓе, а сетот на Гета траеше 90 минути. Веднаш по него се појави ѕвездата од Косово, Ера Естрефи, која ја испеа својата единствена песна „Bonbon“ и си замина од сцената.

 

 

За журката до раните утрински часови се погрижија други македонски диџеи.

Авалон, секоја чест!

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …

error: Содржината е заштитена!