Почетна / Серии / Серијата со Бали бег и Неџла наскоро на Алфа

Серијата со Бали бег и Неџла наскоро на Алфа

 

Иако за турската серија „Çalıkuşu“ веќе пишувавме, сега и официјално може да потврдиме. Серијата ќе се емитува во Македонија и тоа на Алфа телевизија која како што самата кажува е прва телевизија во регионот која ги има правата за емитување на оваа серија.

Во продолжение ви го пренесуваме текстот за самата серија што го објави Алфа, а веќе следните денови ќе ве запознаеме и со содржината на серијата.

 

 

– Бали бег и Неџла наскоро на Алфа ТВ во најуспешната турска серија на сите времиња „Дневникот на Фериде“.
 
Алфа телевизија наскоро со телевизиска „бомба“ за гледачите во Македонија – најуспешната турска серија на сите времиња во Турција конечно и кај нас. Алфа телевизија ги откупи правата за најуспешната турска серија на сите времиња „Дневникот на Фериде“ или спопред оригиналниот наслов – „Calıkusu“. Оваа серија е убедливо најгледана во конкуренција на сите теленовели што се емитуваат во моментов, а рејтинзите потврдуваат дека лесно може да биде и најгледаната теленовела воопшто во Турција. Ваквиот интерес на гледачите ги оправда огромните вложувања во серијата која важи за една од најскапите и најраскошните досега снимени во оваа земја.

На гледачите, кои како маѓепсани ја следат секоја епизода, оваа безвремена љубовна приказна на познатиот турски писател Решат Нури Ѓунтекин им ја доловуваат најпопуларните турски актери Бурак Осчивит, кој ја толкуваше улогата на Бали Бег во „Величествениот“ и прекрасната Фахрие Евџан која ни е позната како Неџла од легендарната „Кога лисјата паѓаат“.

Извонредната продукција, фантастичните костими, прекрасната музика и, над се, приказната на која никој не може да оделее веќе предизвикаа огромен интерес кај сите големи телевизии во регионот, а Алфа Телевизија е прва на Балканот која ги има есклузивните права за емитување овој нов турски мега хит. Настаните во серијата се случуваат во времето на крајот на Отоманската Империја, стои во текстот на Алфа.
 
Дали ќе почне во брзо време серијата, не знаеме, но она што знаеме е дека е одложено емитувањето на хрватската теленовела „Тајни“, најавувана долго време на програмата на Алфа телевизија.

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Светскиот хит „Breaking bad“ стартува оваа есен на МТВ 1

Оваа есен, Македонската телевизија на својата програма ни ја носи една од најпознатите американски серии …