Почетна / Телевизија / РТС на удар поради популарните старлети

РТС на удар поради популарните старлети

Задачата на секој јавен емитер е објавување на содржини од јавен интерес, односно еден од главните задачи на јавните сервиси е едукација и информирање на јавноста. Во последните неколку денови порталот Radio-televizija Srbija објави неколку таблоидни содржини поради што се најде на удар на критика на неколку медиуми што објавуваат слични информации.

Поталот Telegraf постапката на RTS ја нарече „скандалозна“: „На својата официјална веб страница Радио-телевизија Србија објави неколку текстови посветени на старлетите и полуголи фотографии на кои се гледаа нивните голи гради. Последната вест која се појави на овој сајт е приказната за британската старлета Марија Фаулер, која имала „мала незгода“ со гардеробата. Дали и овде важи правилото „наше е правото да знаеме се“, па јавниот сервис за кој плаќаме претплата објавува како британска ѕвезда од реално шоу доживеала непријатност при едно излегување така што и пукнал работ од фустанот, а на приложеноте фотографии доминира задникот на русокосата старлета“, пишува Telegraf.

Дискутабилно е дали објавувањето на таблоидни содржини на порталот на еден јавен сервис е оправдано и правилно, но дискутабилна е и статијата на Telegraf, односно дали тие искрено застанале во заштита на јавните интереси на граѓаните на Србија коишто плаќаат такса, или е во прашање страв од конкуренција дека во иднина сличните текстови ќе им бидат многу читани.

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Телма ексклузивно на Глобален медиумски конгрес во Дубаи

Медиумската индустрија се развива брзо, а бизнисите мора да се адаптираат за да напредуваат. Дизајниран …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!