Почетна / Серии / Теленовели / Романтичната турска комедија репризно на AXN

Романтичната турска комедија репризно на AXN

Згодите и незгодите во еден ургентен центар, повторно на AXN

На програмата на кабелскиот канал AXN покрај многутте американски серии, ќе се репризира и романтичната комедија “Љубов на ургентно”. Репризите следат од понеделник до петок во 12:00 часот на пладне. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на оваа симпатична комедија :

Синан е успешен млад доктор кој работи во ургентниот центар на една позната клиника. Тој живее сам во стан, и ужива во мирниот и слободен живот кој го има. Но, едно утро за Синан ќе внесе целосен немир и хаос. Тој се буди зачуден од бучавата која ја создава една девојка која се вселува во станот над неговиот. Воедно, истата таа девојка ја удрила и неговата кола кога се паркирала на паркингот.

За Синан, ова е еден од најужасните денови, кој не сака да се повтори, ниту пак да ја види таа луда девојка повторно. Нервозен, оди на работа, каде дознава дека ќе има нов асистент кој ќе работи со него и ќе му помага во сѐ. Ни помалку, ни повеќе, докторот асистент е Нисан, девојката која му го уништи утрото и која од сега не само што е негова сосетка, туку и негова колешка. Таа е слатка и интересна, но многу несмасна и дрска.

Ситуацијата за Синан станува уште покомплицирана кога и неговата сестра Ајла се вработува во ургентниот центар, а привремено се вселува и во неговиот стан. Со Нисан и Ајла, животот на Синан комплетно се менува. Спокојот кој го имаше повеќе не постои. На работа е хаос, дома е лудница.

Истанбул носи многу весели и нови предизвици и за Нисан, за нејзиниот нов почеток, за нејзината нова работа… но постои нешто од кое нема да може да побегне. Минатото е она кое ќе ја прогонува Нисан дури и во новиот живот, а единствен кој може да ѝ пружи помош и поддршка е Синан, во кого и се вљубува.

Улоги : Serhat Teoman (Синан), Duygu Yetis (Нисан), Rojda Demirer (Ајла), Gökhan Soylu (Мурат) и др.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колумбиска ТВ новела „Златен глас“ на МТМ и локалните

Колумбиска теленовела од продукцијата на “Картел” и “Пабло Ескобар”. 62 продолженија следуваат веќе од среда, …