Почетна / Серии / Приказната за тројцата мускетари во адаптирана серија на Телма

Приказната за тројцата мускетари во адаптирана серија на Телма

 

Популарниот филм за мускетарите сега и во серија

 

“Мускетарите” е британска историска серија која од овој викенд започнува со прикажување на Телма телевизија во 17.30 часот. Во продукција на BBC, серијата е базирана на романот “Тројцата мускетари” на Алехандро Дима.

 

 

Во главните улоги ќе ги гледаме Tom Burke како Атос, Santiago Cabrera како Арамис, Howard Charles како Портос, Luke Pasqualino како Д’Артањан, Tamla Kari како Констанса, Maimie McCoy како Миледи, Ryan Gage како кралот Луј и Alexandra Dowling како кралицата Ен.

Oд “Мускетарите” досега се снимени 2 сезони, а во текот на годинава ќе се снима и трета сезона. Во продолжение ве запознаваме со добропознатата приказна за тројцата, односно четворицата мускетари :

 

 

Младиот Д’ Артањан и тројцата француски елитни воини се борат низ Европа за да ги спасат кралот и татковината од заговорот што го предводат атентаторката Миледи и војводата од Бакингем.
Импулсивниот и млад Д’ Артањан ги здружува силите со тројцата одметнати мускетар кои се познати како Портос, Атос и Арамис, тројцата елитни воини, кои му служат на кралот на Франција. Откако откриваат завера за симнување на кралот од власт, тројцата мускетари сретнуваат еден млад херој Дартањан и го земаат под своја закрила.
 
 
 
 
Тие четворица заедно тргнуваат на опасна мисија да ја осуетат заверата која не само што му се заканува на кралството туку и на иднината на самата Европа. Тие мора да го спречат злобниот Ришелје и да се соочат со Бакингем и опасната Миледи. Нивното мото е – Еден за сите, сите за еден.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТВ 1 со реприза на познатата домашна серија на Петре Прличко

Секоја недела околу 21 часот, МТВ 1 ќе ја репризира домашната серија “Комедијанти”, снимена во …