Почетна / Телевизија / Политичка дебата во „Отворено со Алфа“ секој ден во 18:18 часот

Политичка дебата во „Отворено со Алфа“ секој ден во 18:18 часот

Политичките судири и одлуки на тема на дискусија во Алфа

Искра Коровешовска, Љупчо Цветановски, Горан Момироски и Катерина Гетева од сега ги следиме на Алфа телевизија како водители на секојдневната дебатна емисија “Отворено со Алфа”. Во период кога паузираат сите политички дебати на останатите телевизиски канали, Алфа продолжува со дискусии од понеделник до петок, премиерно.

Ако во претходните месеци, дебатни емисии се емитуваа на Алфа секоја вечер (Несомнено, Ѕид, 60 минути, …), сега истите дебати се синтетизирани во една политичко дебатна емисија која се емитува од понеделник до петок во 18.18 часот. Алфа ќе биде домаќин на многу актуелни политичари, аналитичари и критичари кои својот став за моменталните политички случувања ќе го даваат секој ден на оваа фреквенција.

Промена на името и референдумското прашање, дали амнестијата е предуслов за ДИК, која е проценката за економските показатели, со какви проблеми се соочува македонското здравство и дали некои прашања не заслужуваат одговор, дознаваме во “Отворено со Алфа”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …