Почетна / Филм / Новогодишни филмови на Македонската телевизија

Новогодишни филмови на Македонската телевизија

 

 

Промото на МРТ1 за пакетот празнични филмови е пред вас, истото е изработено во стил на интересен новогодишен исповед, еве како изгледа целиот текст:

„Време е за новогодишните приоритети. Оваа година здраво ќе се хранам, нема да го истурам бесот кадешто ќе стигнам, посебно не врз Дедо Мраз, и снегот нема да го користам како ладно оружје. Нема да се плеткам со секоја девојка, само со секоја втора. Нема да лудувам до сабајле, бидејќи треба рано да си легнам. Оваа година ќе дадам 103,2 % од себе, и максимално ќе го искористам времето што ми преостанува до следниот крај на светот. Дотогаш да ја прославиме Новата Година заедно, и да си посакаме да заборавиме на старите лузни, и да си дадеме шанса да почнеме од почеток. А, кој и да се вашите новогодишни приоритети, еден од нив секогаш нека биде добри филмови со Македонската телевизија!“

 

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саботна вечер на Телма со бразилската комедија „Сакани”

сабота, 13 април 2024, Телма ТВ, 19.15 часот – Сакани Ајрин е мажена за Клаус. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!