Почетна / Серии / Теленовели / На Сител следуваат финалните епизоди од хрватската „Чиста љубов“

На Сител следуваат финалните епизоди од хрватската „Чиста љубов“

Кој умира, а кој завршува во затвор во хрватската хит драма ?

Финални епизоди од хрватската драмска серија “Чиста љубов” на телевизија Сител. Серијата која ве освои со напнатото дејство, емотивните сцени и извонредната глумачка екипа дојде до самиот крај.

Во последните епизоди, бидете сведоци на развраската на приказната. Криминалните дејствија на Доминик ќе стигнат до јавноста и тој ќе падне во рацете на правдата, а пак Ранко ќе биде на границата меѓу животот и смртта.

Ќе му ги прости ли животот сите злодела што ги стори, или смртта ќе биде неговата казна? Ќе успее ли Ранко да го пронајде својот син пред животот да му пресуди за тоа што го правеше?

Каква завршница ги очекува Томо и Соња, а кој ќе ѝ помогне на Емина да создаде пејачка кариера? Одговор на овие, а и на многу други прашања следуваат во наредните, последни епизоди од “Чиста љубов” на Сител. Од понеделник до петок во 20:50 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие имиња ја изведуваат песната за новата хрватска серија

На Сител телевизија стартува новата хрватска успешница “На граница” која ќе се емитува секоја вечер …

Leave a Reply