Почетна / Забава / Каролина Гочева ќе приреди спектакл во арената Борис Трајковски

Каролина Гочева ќе приреди спектакл во арената Борис Трајковски

 

Непроценливото музичко богатство „Македонско девојче“ на Каролина Гочева кое ќе остави своја трага во музичката историја на Македонија, а богами и во кариерата на Каролина Гочева, уште еднаш ќе биде презентирано пред љубителите на квалитетната музика. После многуте концерти одржани низ Македонија промоцијата на албумот ќе биде заокружена со грандиозен концерт во арената Борис Трајковски.

 

 

Се очекува спектакл и ќе биде спектакл. Каролина Гочева вчера се појави и на Скопскиот Фестивал во ревијалниот дел каде уште еднаш докажа дека е единствена во она што го работи. Таму спомена дека овој концерт му го посветува на прерано починатиот Даниел Милошевски од Авалон, кој доби награда за животно дело.

Концертот на Каролина Гочева ќе се одржи на 13. декември затоа на време набавете си карта, бидејќи реприза нема да има.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Секси водителот Стефан започна со Карпул Караоке на Youtube

Еден од најистакнатите и најсексипилни млади водители во Македонија од оваа сезона го следиме во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!