Почетна / МК Сцена / Интервју | Кој е Марио од „Сите наши песни“

Интервју | Кој е Марио од „Сите наши песни“

 

Гледачите на Македонската телевизија оваа недела имаа можност да го погледнат третото издание од веќе популарното музичко шоу „Сите наши песни“. Во ова издание видовме музички таленти од Куманово, Велес, Неготино и Кавадарци. Одлучивме да му обрнеме внимание на натпреварувачот од Куманово, Марио Арангеловски, кој се натпреваруваше против групата Мак1, односно Велес, Неготивно и Кавадарци. Да дознаеме нешто повеќе за него, како се подготвуваше за шоуто и што очекува од истото.

 

 

Што те натера да се пријавиш на шоуто „Сите наши песни“?

– Македонската радио телевизија од секогаш имала добри и успешни проекти, па надевајќи се дека и музичкото шоу „Сите наши песни“ ќе биде такво, се пријавив, со цел да покажам што најдобро знам и умеам да правам.

Дали сметаш дека односот на судиите кон изведувачите е коректен, постои ли пристрасност?

– Мислам дека публиката ги дава најреалните оценки. Иако значајни се и критиките, советите и оценките од жирито. Патем, мислам дека се што ќе кажат и понудат е вистинито и коректно.

 

 

Со која песна се претстави ти, Марио?

– На првата гала вечер се претставив со Душа калдрма од Александар Митевски кој воедно беше и дел од стручното жири. Немаме избор, концептот е таков, пееме песни од авторите кои се во жири комисијата. А, продукцијата на Македонската радио телевизија ја сочинуваат големи професионалци кои ни ги даваат песните, надевајќи се дека ќе ги презентираме на најдобар можен начин.

Колку време се подготвуваше?

– Искрено, не многу. Една недела пред снимањето се сконцентрирав и заедно со Ивона и Мартинијан се собравме, вежбавме, се оценувавме и критикувавме. Иако можеби ми беше потребно многу повеќе време, од проста причина што песнава со која се претставив не ја знаев претходно. Но, се помина во најдобар ред. Тоа е најважно.

 

 

Релативно си млад, кои се твоите планови за иднината, ќе продолжиш ли да се занимаваш со музиката?

– Секако, музиката е најзначаен фактор во мојот живот. Од шоуто очекувам само да биде една отскочна даска за мене и останатите, како полесно би заполовиле во музичките води. Досега имам снимаено една песна, но планирам да снимам уште многу, како би направил бум на ова наша мала естрада, ако веќе така можам да речам. Јас всушност не се преценувам. Имам просечен вокал, но и ѕвезда на чело, кој не секој ја има.

 

На Фесјсбук си особено популарен, како им се допадна на твоите пријатели она што ти го изведе на сцената во МРТ?

– Како што веќе реков, публиката секогаш ни ги дава најреалните оценки, а јас добив многу позитивни критики, совети од професионалци како и поддршка од многу досегашни докажани лица на нашава сцена. Што ми е посебно драго.

 

Марио дали си вљубен?

– Не, во потрага сум. Али убаво ми е вака, слободен ко птица.

 

Која е мислата која те води во животот?

– „Живеј го секој ден како прв и последен“.

 

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …