Почетна / Живот / Инженерските грешки се исправени | Дискавери канал

Инженерските грешки се исправени | Дискавери канал

 

Нов документарен серијал на Дискавери каналот, од вечерва

 

Нов неверојатен серијал посветен на инженерските заблуди на Дискавери каналот. Увид во неверојатниот, а понекогаш и смешен свет на инженерските грeшки може да проследиме во серијалот ,,Неверојатните инженерски грешки-исправенисекоја сабота во 20 часот.

 

 

Тимот на чело со Џастин Канингам не остава ниту еден камен непревртен додека испитуваат што инженерите погрешиле и со заеднички напори да дојдат до генијални решенија за секој проблем.

Од неправилно изградени облакодери, аеродроми кои тонат, лизгање на земјиштето на скијачки патеки до враќање на најголемата машина за копање која е заглавена длабоко во земјата, Канингам и неговиот тим во секоја епизода ќе ни дадат увид во науката темелена на факти и истражувања, како и увид во моќта на технологијата.

 

 

Џастин сака кога сè функционира, а кога луѓето се препуштени сами на себе, нештата тргнуваат на лошо. Тој се бори против секој вид на неисправен инженеринг но, наоѓа време и да се воодушевува на решенијата на експертите.

И само за забава, секоја епизода прави лична топ 5 листа од разорни катастрофи до грешки направени во вселената.

Серијата е снимена во 18 земји, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Канада, Англија, Германија, Италија, Турција итн.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопскиот Аква Парк со последен викенд за оваа сезона

Аква паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“, ова лето ја имаше најуспешната сезона досега …