Почетна / Живот / Германски кол-центар нуди работа на амбициозни лица од Македонија

Германски кол-центар нуди работа на амбициозни лица од Македонија

 

Македонско-германската фирма „Кол-центар Спес Груп“ објави оглас за работа на млади и амбициозни луѓе кои добро го владеат германскиот јазик. Седиштето на оваа реномирана фирма е во Скопје. Главниот менаџер, Виолета Пеева, вели дека фирмата има капацитет за 20-тина вработувања.

„Кол центарот е основан во 2015 година. Досега успешно работиме со неколку германски фирми, а од неодамна станавме главни претставници во Македонија за германска фирма која работи со снабдување на домаќинствата со струја и гас. Затоа решивме да вработиме млади луѓе, кои првенствено знаат германски јазик. Имаме најава за разни проекти, така да еве шанса за вработување“, вели Виолета.

Оваа млада и амбициозна девојка неколку години престојува во Германија. Потоа се враќа во Скопје каде го основа Кол центарот. Досега успешно работи на проекти каде покажа одлични резултати. Спес Груп исто така, врши обуки и курсеви по германски јазик на медицински лица кои сакаат да аплицираат за работа во Германија. Сите оние кои сакаат добра работа со европска плата можета да пишат на мелиот info@vp-spesgroup.mk

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 15-ти септември голема забава со Tale Of Us на Средно Водно

Tale Of Us – дуото на современата електронска музичка сцена на 15-ти септември ќе настапи во …