Почетна / Забава / Во време-невреме пејачот Јовица Мицевски – Бамбус издаде двоен албум!

Во време-невреме пејачот Јовица Мицевски – Бамбус издаде двоен албум!

 

Денеска во Скај Бар Хотел Русија во пријатна атмосфера се одржа двојна промоција, двоен албум првенче на пејачот Јовица Мицевски – Бамбус и спот за насловната нумера на едното од цедињата. На промоцијата присуствуваа неговите најблиски пријатели, кремот од македонската естрада и новинарите. Албумот содржи комплетно нови композиции и досега неслушнати, но во него се наоѓаат и фестивалските песни со кои тој настапуваше низ годините.

 

 

Јовица Мицевски, момчето кое долги години се занимава со музика и јавноста го препознава по прекарот Бамбус, реши дека е вистинско време да и се оддложи на својата публика која со години го следи на сите негови настапи и да сними албум. И тоа двоен! Едниот “Скопје во сон” во поп-фолк манир, а другиот “Божја заповед” во фолк. 

Првиот дел насловен “Скопје во сон”, освен насловната ги содржи уште темите “Стари навики”, “Сонот мој си ти”, “Нека свират ноќва труби”, “Последна желба”, “Бродолом”… 

Видеозаписот за насловната нумера е работен со Арт студио, а кадрите се снимени на неколку интересени локации низ главниот град. Дел се снимени на кровот на Градскиот трговски центар, потоа низ уличките по централното градско подрачје и на Видиковец на Водно. Спотот го следи интересена приказна, која кореспондира со самиот текст на композицијата, која всушност зборува за боемскиот живот. Целиот материјал е во модерен поп фолк ритам, а меѓу соработниците освен самиот Мицевски се и Дејан Момироски, Борче Нечовски,  Александар Тарабунов…

 

 

Вториот дел “Божја заповед”, пак, е во фолк манир и содржи десет композиции. Меѓу авторите се имињата на Милан Завков, Зоран Џорлев, Орце Зафировски, Милан Зафков, Ванчо Димитров…

– “Едвај чекав мојата публика да слушне што е се сработено. Се решив на ваков чекор за двоен албум затоа што сакав да има буквално за сечиј вкус по нешто. Верувам во овој проект, кој е работен со многу љубов и внимателно одбран тим од автори, и верувам дека и на публиката ќе и се допадне”, вели Мицевски. 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …