Почетна / Серии / Боран-ага: „Никогаш повеќе нема да снимам заедно со Сила“

Боран-ага: „Никогаш повеќе нема да снимам заедно со Сила“

 

Мехмет Акиф Алакурт, кој во хит серијата „Сила“ го игра Бора-ага, има особено интересна животна приказна. Овој актер е роден во Истанбул, а живеел со мајка му која била домаќинка и таткото трговец, заедно со петте браќа и сестри.

 

 

После завршеното средно училиште почнува да се занимава со манекенство, а 2001. година ја однел титулата Best Model Turkey, на светскиот избор за модели истата година го освојува второто место.

 

 

Како актер дебитираше во „Kirik Ayna“, а четири години подоцна ја добива главната машка улога во „Sila“. Тогаш се шушкаше дека флертува со Кансу Дере – која ја игра улогата на Сила, па затоа нејзиниот дечко морал да биде присутен на сетот.

„Кансу е чичност со која приватно не би се дружел. Две години поминавме заедно на смимањата и за ништо не се согласувавме, со неа никогаш повеќе не сакам да работам“, изјави актерот затоа што актерката го нарече дивјак. Имено, на сетот тој наводно и удрил шлаканица на костимографката, а го испровоцирал и помошникот на сетот со кој и физички се пресметал.

 

 

На снимањето на „Сила“ тој се запознал со актерката Леила Башак – која ја толкуваше улогата на неговата прва жена што се самоуби, потоа се свршил со неа за по некое време да стави крај на оваа љубов затоа што се вљубил во актерката Селин Демиратар (Фејза – Мирниот сокак). Оваа врска траеше две години.

 

 

Јавно изјави дека од својата жена очекува да биде добра домаќинка и секогаш да го пречекува кога ќе доаѓа дома. „На жената местото и е во куќата и не смее да работи“, изјави тој.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!