Почетна / Забава / Во Јапонија отворена првата гостилница за луѓе што се сами со чашката

Во Јапонија отворена првата гостилница за луѓе што се сами со чашката

Во Јапонија, поточно во градот Хакодате е отворена првата гостилница за луѓе што претпочитаат да бидат сами со себе и со чашката…

Повеќето кафулиња во Јапонија се наменети за групни посети – друштво или колеги. Луѓето кои претпочитаат само ладно пиво, на пр., сега ќе имаат свое место за да уживаат во својата „осаменост“, пишува „Сора њуз“.

Интроверт-гостилницата наречена „Џуден Хајбол“, им нуди на своите посетители своевидна оаза на приватноста – полузатворени, речиси интимни кабини, со една столица и мала масичка. Нарачката може да се изврши со употреба на специјален таблет којшто им е на располагање. Покрај тоа, „љубителите на самотијата“ не само што можат да пијат и да јадат сами, туку и да го гледаат својот омилен филм или да сурфаат на интернет, кој е бесплатен, секако.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

error: Содржината е заштитена!