Почетна / Филм / Саботна ноќ на Телма со сатирична комедија во меѓународна продукција

Саботна ноќ на Телма со сатирична комедија во меѓународна продукција

Добитникот на канската „Златна палма“ за најдобар филм во во 2022 година, филмот на Рубен Остлунд е урнебесна, пресмешна и брутална сатира за ултра-богатите и за ѕвездите на социјалните мрежи.

Во светот на модата, познатата двојка на модели Карл и Јаја се поканети на луксузно крстарење за ултрабогати патници: руски олигарх, британски дилери на оружје, со капетан на брод кој е алкохоличар марксист.

Она што на почеток изгледа совршено за на Инстраграм завршува катастрофално, прво кога патниците ќе ги фати тешка морска болест за време на вечерата од седум оброци со капетанот – долга, хистерична сцена што ќе влезе во филмската историја, а потоа кога јахтата ќе потоне и тие ќе се најдат на пуст остров со група милијардери и една чистачка.

Општествената хиерархија се менува, откривајќи го евтиниот и вулгарен однос меѓу моќта и убавината.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниел Крег во воената акција „Пркос“ во сабота на МРТ 1

Снимен според вистинска приказна, „Пркос“ е исклучителна приказна за семејството, честа, осветата и спасувањето во …

error: Содржината е заштитена!