Почетна / Забава / Осмо издание на „Виолин фест“ во Камерната сала на Филхармонија

Осмо издание на „Виолин фест“ во Камерната сала на Филхармонија

Во понеделник (14 јуни) со почеток во 20 часот во Камерната сала во Филхармонија ќе се одржи осмото издание на „Виолин-фест“.
Главна тенденција на фестивалот е да се презентира виолинистичката школа во Македонија, но и надвор од неа. Фестивалот всушност претставува еден вид на неконвенционален музички подиум кој им дава можност на учениците да настапат надвор од рамките на своите обврски кон наставната програма, да го покажат својот талент изведувајќи ги најпознатите дела за виолина без притисокот од оценување и бодување. Најголема награда за нив е аплаузот – вели виолинистот Владимир Костов, организатор на фестивалот.
Токму за младите виолинисти на кои им е потребно најголемо јавно експонирање, всушност е и создаден овој фестивал.


Оваа година како гости настапуваат учениците од музичките училишта во Србија, добитници на награди на меѓународниот натпревар „Охридски бисер“ кој се одржа минатата година. На концертот во понеделник ќе се се одбележат два јубилеи – 20 години од смртта на македонскиот композитор Драган Шуплевски и 90 години од раѓањето на Драган Ѓаконовски-Шпато.


На концертот ќе настапат Алекса Аќимомовиќ (4 оддление, музичко улилиште во Ниш), Јована Удовиќ (четврта година, Школа за музички таленти-Чуприја), Симеон Гошев (трета година, ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје), Софија Додиг (втора година, „Јосип Славенски“-Белград) и Анѓела Јосифовски (втора година, „Коста Манојловиќ“-Земун). Младите виолинисти ќе настапат во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмтаа се дела од Елгар, Крајслер, Бах, Паганини, Виењавски, Шуплевски, Шпато…
Во рамки на фестивалот ќе се одржат и предавање и мини концерт во СОС детско село.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две светски премиери на Дарија Андовска во Токио и Скопје

На 4 ноември во Tokyo Opera се одржа светската премиера на „Сношти минав” за тенор, …

error: Содржината е заштитена!