Почетна / Забава / На овој свет – нова песна на Кико и Денис
Денис Мурат и Христијан Тодороски Кико

На овој свет – нова песна на Кико и Денис

Уште една музичка соработка од денеска заѕвонува во македонскиот радиски етер. Станува збор за новата песна на Христијан Тодороски – Кико „На овој свет“ во која му гостува неговиот колега од шоуто „Македонски Идол“, Денис Мурат. „На овој свет ти си ми се и не сакам да помислам јас, не, дали некој друг е до тебе…“ пејат Кико и Денис во нумерата чиј комплетен автор е Јован Јованов.

 

Денис Мурат и Христијан Тодороски Кико

– „После неколку месеци издавам нов сингл, кој за разлика од претходниот е во побрз ритам и се надевам дека ќе и се допадне на публиката. Со Денис сме пријатели уште од шоуто Идол, па соработката излезе сосема спонтано. За песната планираме да снимиме и видео запис“ – изјавува Кико.

И „На овој свет“, како и претходните четири песни, ќе се најде на деби албумот на миленикот на младата женска популација чие издавање „Мак Мјузик“ продукција го најавува за наесен.

 

 

Албумот веќе се работи во студио Јованови, а во меѓувреме Кико се подготвува за неговиот настап на овогодишното издание на Макфест.

 

 

 

Гоце | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Skopje Calling 2020 на 12-ти септември open-air на стадионот АРМ

За петтото јубилејно издание на SKOPJE CALLING Festival кое ќе се одржи на 12-ти септември …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!