Почетна / Забава / “Forever Jackson” – најголемиот трибјут на Мајкл Џексон доаѓа во Скопје

“Forever Jackson” – најголемиот трибјут на Мајкл Џексон доаѓа во Скопје

На 18 мај (недела), Македонската филхармонија ќе биде домаќин на спектакл кој не се пропушта – FOREVER JACKSON, официјалниот трибјут концерт посветен на вечниот Крал на попот, Мајкл Џексон!

Со над 15 уметници на сцена, ова шоу е со неверојатна прецизност во вокалната, визуелната и танцова интерпретација на MJ – од ерата на Thriller, Bad, Dangerous до HIStory и најголемите хитови.

Во главната улога е Robin Parsons, кој повеќе од 10 години настапува низ светот како Мајкл Џексон, со илјадници фанови зад себе и признанија од медиумите како еден од најверните интерпретатори на легендата.

“Forever Jackson” не е само концерт – туку вистинско сценско шоу, со live band, танчери, светлосни ефекти и енергија која ја оживува магијата на Мајкл Џексон пред вашите очи.

Билетите во продажба онлајн на ticketx.mk и низ продажната мрежа на TicketX низ Македонија, по следниве цени:

• 1.200 ден.
• 1.500 ден.
• 1.800 ден.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

error: Содржината е заштитена!