Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (71. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (71. продолжение)

Кога падна ноќта, Алис беше подготвена да ги започне своите игри со својот сопруг. Игра во која требаше да учествува и трето лице. Наполни две чаши со црвено, домашно вино па пријде до Анибал кој со раскопчана кошула лежеше на креветот, изненаден од нејзината идеја за здравица.
– За што сакаш да наздравиме?, – ја праша.
– За нашата иднина, – рече таа, подавајки му ја едната чаша со вино.
– Во тој случај да наздравиме за нашите деца, бидејки ќе имаме многу деца.
– Ќе се обидеме.

 

 

 
ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 71 – „Сексуални игри“

 

Кога падна ноќта, Алис беше подготвена да ги започне своите игри со својот сопруг. Игра во која требаше да учествува и трето лице. Наполни две чаши со црвено, домашно вино па пријде до Анибал кој со раскопчана кошула лежеше на креветот, изненаден од нејзината идеја за здравица.
– За што сакаш да наздравиме?, – ја праша.
– За нашата иднина, – рече таа, подавајки му ја едната чаша со вино.
– Во тој случај да наздравиме за нашите деца, бидејки ќе имаме многу деца.
– Ќе се обидеме.
– Ми се допаѓа кога така зборуваш, Алисиња. Да живееме.
Анибал стрвно посегна по пијалокот, пиејки го на екс. Алис уживаше што нејзиниот план ќе успее. Анибал немаше ни претстава дека во неговата чаша беа промешани тревки кои Кристина ги имаше подготвено за таа прилика. Ја зеде празната чаша од неговите раце и му рече да ги затвори очите.
– Не би можел, – искрено рече тој. – Ми се врти, изгледа виното е силно и ми удри во глава.
– Затвори ги, нема да се случи ништо, – инсистираше Алис.
– Зошто? Јас сакам да те гледам, Алисиња.
– Ако сакаш да има нешто меѓу нас, ќе мораш да ги следиш моите инструкции, – додаде таа, зеде еден превез од работната масичка и ги заврза неговите очи.
– Никогаш не сум била гола пред маж.
– Ти си моја сопруга, Алисиња, немаш од што да се срамиш.
– Да знам, но разбери…Ова ми е прв пат.
Додека Анибал удобно се испружи на постелата, Алисиња потрча кон вратата пред која што стоеше Кристина и чекаше да биде викната. Страсната италијанка пријде до човекот со врзани очи и почна да му ја раскопчува кошулата додека со своите сензуални усни ги љубеше неговите брадавици. Анибал уживаше комплено во играта која го задоволуваше, изговарајки го името на Алисиња неколку пати во екстаза.

Неочекувана посета доби Енцо Анџели следното утро кога на вратата од својата колиба го здогледа Фаусто. Земјопоседникот најави дека доаѓа во мир и бараше да биде пуштен внатре. Енцо скептично го пушти во својата колиба. Фаусто го спушти своето оружје на масата во знак дека доаѓа во мир.
– За да се увериш дека доаѓам со добра мисла, Енцо, го оставам моето оружје, не сакам да те плашам.
– Што сакате од мене?
– Веќе дознав дека си нашол злато на твојот дел од земјата. Размислив добро и сфатив дека најдобро за двајцата е да направиме пакт. Ти нудам партнерство.
– Партнерство?, – скептично праша Енцо. – И што добивам јас од партнерство со Вас?
– Колку што знам немаш никакво искуство со администрација со пари. Јас можам да ти понудам добра цена за златото кое го најде.
– И кој Ви кажал дека јас не знам да се пазарам?
– Запомни дека имам многу доушници, Енцо. Освен тоа, имам контакти во банката и можам да ти бидам од помош. Или ќе ги чуваш парите под перница?, – саркастично продолжи Фаусто. – Плус можам да ти понудам сигурност кај реката, не заборавај дека бандитете ги има секој ден се повеќе.
– И зошто би верувал во Вас?
– Бидејки ти давам збор. Зборот на Кастењон е доволен, – додаде Фаусто подавајки му ја раката на Енцо. – Ако сакаш ќе ти дадам време да размислиш.
– Ќе размислам – по краток молк рече Енцо, прифаќајки ја подадената рака.

Старите навики умираат тешко, барем така се вели. Анибал без никаква најава, тоа утро ја посети Лукреција во нејзината спална соба.
– Анибал, те молам. И ветив на Естер дека нема да се гледаме повеќе.
– Дојдов да зборуваме за нешто друго, – и појасни тој. – Сакам да зборуваме за Алисиња.
– Што сторила мојата ќерка сега, до Бога?
– Ништо лошо, не бери гајле. Само сакав да знаеш дека нашиот брак конечно оди во правиот правец.
Ваквата новост ја пресече Лукреција.
– Зошто велиш така?
– Сношти, Алисиња и јас водевме љубов.
– Дали си сигурен во тоа што го велиш?
– Секако. На мое големо изненадување, се однесуваше како друга жена.
– Тешко ми е да поверувам,- рече Лукреција, не можејки да ги задржи солзите. Колку и да сакаше да биде силна во тој момент, одвај усшеваше и емоциите ја водеа.
– И мене ми беше тешко да поверувам, но Алисиња се однесуваше како…
– Не сакам да знам детали, – грубо го прекина во мислата.
– Мислев дека сакаш да знаеш дека твојата ќерка конечно почна да се однесува нормално.
– Мило ми е, верувај ми, – рече зад грб, додека врели созли лизгаа по нејзиното негувано лице.
– Единствено чудно ми беше тоа што не се однесуваше како да и е прв пат.
– Анибал, те молам не сакам повеќе детали. Остави ме сама!
– Те боли тоа што ти го кажав?
– Не, само ме боли главата.
– Дали си љубоморна?
– Те молам…
– Извини ме, – рече тој на крајот и ја напушти собата, оставајки ја жената во солзи и агонија.

Откако Алисиња ја исплати Кристина за добро сработената задача, италијанката се дрзна да праша од каде е толку сигурна дека Анибал нема да ј аотркие нивната игра.
Алисиња се закикоте.
– Анибал е едноставен, не може да дознае.
– Дали сте свесна дека ова може да ве кошта скапо?
– И каде е проблемот?, – провокативно праша Алис.
– Што ако Ве уценувам за стореното?
– Не би се осмелила, – дрско и врати младата жена. – Сите имаат цена, дури и ти, – додаде Алис, извади еден златен прстен од својата десна рака кој и го подаде на италијанката.
– Тогаш, ќе ја повториме ли и вечерва играта со Вашиот сопруг?
Лукреција која кратко стоеше на вратата стана ссвесна за се. Сега сфаќаше зошто Анибал не можел да ја препознае Алис во постелата.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!