Од понеделник до петок околу 22 часот, следува реприза на првата сезона од “Нереално” на Прва. Серијата нѐ води во светот на снимањето на едно реално шоу, сите драми и скандали кои се случуваат зад камерите. Ѕирнете повторно во хаосот зад кулисите на снимањето на “Everlasting”, реално шоу кое се …
Повеќе »По многутте репризи на Телма, „Кенедиеви“ сега и на локалните
“Кенедиеви” беше премиерно емитувана на Сител телевизија пред многу години. Потоа серијата беше прикажана неколкупати на Телма, а сега истата ја откупија и Прва скопска МТМ и локалните телевизии. Од понеделник до петок во 19.55 часот ќе биде емитувањето на МТМ, а познавајќи ги досегашните програмски шеми на локалните телевизии, …
Повеќе »Научнофантастичниот вестерн „Firefly“ секој викенд на Нова С
Сабота и недела во 18 часот на кабловската Нова С ќе се емитува американската научно-фантастична серија “Вселенски брод” во 14 продолженија. Оваа вестерн СФ приказна е дело на авторот кој ги создаде “The Avengers” и “Buffy the vampire slayer”. И покрај тоа што траела само една сезона, серијата добила голем …
Повеќе »Полициската акциона серија „Rookie blue“ во 23:30 часот на Сител
По завршување на сезоната на “Чикаго ФД”, Сител телевизија од 17 февруари започнува со емитување на нова канадска серија. “Полицајци почетници” ги прикажува секојдневните возбудливи полициски акции на младите амбициозни полицајци кои се на самиот старт на својата кариера. Во градот каде и најмалите грешки го носат човечкиот живот во …
Повеќе »Телма продолжува со репризи и тоа во прајмтајм термин
За прв пат, по долго време, телевизија Телма во тек на телевизиска сезона ќе емитува реприза на веќе емитувана серија и тоа во ударен термин. Од понеделник до петок во 20.30 часот, на местото од “Аларм за Кобра 11” ќе се репризира “Топло ладно”. Неодамна започна и репризирање на комедијата …
Повеќе »По Телма, и локалните телевизии ќе ја емитуваат британската “The Missing”
Откако беше неколкупати емитувана на Телма, сега британската крими серија “The Missing” – доаѓа и на МТМ и локалните телевизии. Секоја недела во 22 часот на прва скопска МТМ (реприза во понеделник во истиот термин), потсетете се на случувањата од двете сезони. Приказната започнува во 2006 година кога Емили и …
Повеќе »МРТ со потсетување на британската психолошка серија „Пад“
Серијата дава извонреден и воедно загрижувачки опис на еден сериски убиец. Тој не е изолиран, а сепак живее во сопствен свет. Има семејство, а способен е да измачува друго човечко суштество. Пол Спектор е силен и привлечен човек, за кој соседите би рекле дека е речиси совршен, но воопшто не …
Повеќе »Телма ја префрли серијата „Baywatch“ во утринските термини
Популарната американска серија од 90-тите – “Чувари на плажата” со нов термин на Телма, од понеделник до петок во 11.20 часот претпладне. Ќе се емитуваат последните епизоди од 4. сезона, по што Телма ќе прекине со емитување. Еден од создавачите, Грегори Џ. Бонан, работел како спасувач на лосанџелската плажа и …
Повеќе »Комичната серија „Епизоди“ по втор пат репризно на Телма
Ако досега пракса беше во лето да одат репризни серии на Телма, од сега гледаме репризи и во текот на сезоната. “Епизоди” e хумористична серија во 41 продолжение која на Телма ќе се репризира од понеделник до петок во 17:30 часот, на местото на “Чувари на плажата”. Во серијата се …
Повеќе »По Телма, и Нова С започнува со емитување на „Animal kingdom“
Американската драмска серија “Животинско кралство” по емитувањето на Телма, започнува со прикажување и на кабловската Нова С со титл на македонски јазик. Од вторник (28 јануари) стартува “Animal kingdom” од првата епизода, а репризите се во 11 часот наредниот ден. Оваа крими драма го прати 17 годишниот Џошуа кој поради …
Повеќе »