Почетна / Серии / „Магнум“, акциона серија на Сител за приватниот детектив од Хаваите
Magnum P.I. - криминалистички процедурал во продукција на CBS

„Магнум“, акциона серија на Сител за приватниот детектив од Хаваите

Трендот на преработки на популарни серии како култните Charmed, Dinasty, Beverly Hills 90210, Melrose place, Hawaii Five-0 ја вклучува и новата серија на Сител, инаку римејк на познат процедурал од 90-тите.

Недостаток на добри идеи или силна носталгија за времето во кое се создадени, на ред дојде и детективската приказна за познатиот холивудски приватен истражител Магнум.

Главниот јунак во верзијата за 21 век не носи мустаќи, но според денешните стандарди е подеднакво секси. Го следевме на каналот на Фокс, а сега и на телевизија Сител, од понеделник до петок во 00.30 часот.

Поранешен член на американската морнарска единица “Нејви” се враќа дома од Авганистан и ги користи своите воени вештини за да стане приватен детектив на Хаваите, каде ќе решава предизвикувачки случаи со помош на своите колеги.

По полицајците и пожарникарите од Чикаго, следува подеднакво добра и релаксирачка авантура во ноќниот добропознат термин на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде …

error: Содржината е заштитена!