Азил е чесен капетан од брегот на Црното Море, кој по долго патување се враќа во родното Ризе.

Случајната средба меѓу Азил и Ѓунеш создава силна поврзаност, но нивната љубов станува невозможна кога Азил дознава дека таа треба да стане снаа на семејството Мачари, на истото семејство за кое не знае дека и самиот му припаѓа.

Децении чуваната тајна конечно излегува на виделина кога господинот Осман Мачари признава дека Азил е неговиот одамна изгубен син и вистински наследник на семејната династија.

Од тој момент, Азил е вовлечен во свет исполнет со моќ, богатство, криминал, предавства и семејни пресметки. Принуден е да се соочи со таткото кој го напуштил, со полубратот кој во него гледа закана за своето наследство и со непријателите што се подготвени на сè за да го уништат.

Откако доживува огромна лична трагедија предизвикана од немилосрдната Хава Киркајваз и нејзините сојузници, Азил заминува за Истанбул заедно со својот пријател Дурсун, решен да се избори за правда. Додека старите сојузи се распаѓаат, а нови се создаваат, мажите од семејството Мачари за првпат се обединуваат против заедничкиот непријател.

Растргнат меѓу семејната должност, забранетата љубов и сопствените морални принципи, Азил мора да одлучи дали ќе ја прифати моќта што му припаѓа или ќе остане верен на вредностите што го создале.

Во свет каде што крвта ја одредува судбината, а изборите го градат карактерот, неговата најголема битка ќе биде онаа за вистината, семејството и љубовта.

Една од најновите турски драми снимени неодамна. “Очи како Црно море”, секоја сабота и недела во 21.15 часот на Сител.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
