Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Ова лето ќе се одржи 33-то издание од „Охрид Фест – Охридски трубадури“

Ова лето ќе се одржи 33-то издание од „Охрид Фест – Охридски трубадури“

Кога музиката има традиција, кога песната има душа, а сцената има историја, тогаш името е само едно – „Охрид Фест – Охридски трубадури“.
Под светлата на најубавата фестивалска сцена покрај Охридското Езеро, одбројувањето до 33-тото издание на најпознатиот и најдолговечен летен музички фестивал во Македонија веќе започна. Триесет и три години „Охрид Фест“ е место каде што се создаваат музички спомени, се раѓаат хитови и се испишуваат едни од најубавите страници од македонската музичка историја.

Традиционално, фестивалската приказна започнува со Вечерта на македонската фолк музика – вечер посветена на песната што ги чува нашите корени, ја раскажува нашата приказна и го пренесува духот на македонската традиција од генерација на генерација.
И оваа година сцената на Долни Сарај ќе биде домаќин на најдобрите претставници на македонската фолк музика. Пред охридската публика ќе настапат: Перо Христов, Кате Брезева и група Соната, Елена Андонова, Мишко Крстевски, Смиља Митревска, Благица Калева, Горан Тодоровски, Анета Љумаковска и Анета Бенд, Драган Николовски – Даце, Петар Нечовски, Ивана Серафимова, Ангела Влинтовска… и уште многу познати музички имиња кои со своите нови песни ќе внесат свежина во современата македонска музичка сцена.

Во вечер исполнета со искрени интерпретации и нови музички приказни, публиката ќе има можност да проследи премиерни изведби и композиции кои ќе го продолжат богатото музичко наследство создавано низ повеќе од три децении постоење на фестивалот.
Посебна тежина на фестивалот и оваа година му дава директниот телевизиски пренос на Македонската радио-телевизија, долгогодишен медиумски партнер на „Охрид Фест“. Благодарение на националниот сервис, фестивалската атмосфера од Охрид ќе стигне до домовите на гледачите низ целата држава. Покрај МРТ, фестивалот ќе биде емитуван и на повеќе реномирани телевизиски куќи од регионот, меѓу кои Хајп телевизија од Србија, Телевизија Црна Гора, Хајат телевизија од Босна и Херцеговина и CMC телевизија од Хрватска, додека во тек се разговори за вклучување и на музичката телевизија Балканика од Бугарија.

Низ фестивалската вечер публиката ќе ја води препознатливото телевизиско лице Ирена Спировска, чија професионалност, харизма и позитивна енергија со години се дел од препознатливиот фестивалски амбиент.
И по 33 години постоење, „Охрид Фест – Охридски трубадури“ останува верен на својата мисија – да биде мост помеѓу традицијата и современоста, помеѓу искусните уметници и младите музички надежи, помеѓу македонската песна и публиката која ја сака.

Затоа и ова лето сите патишта повторно водат кон Охрид. Бидејќи постојат фестивали кои се посетуваат, но постојат и фестивали кои се паметат. „Охрид Фест 2026“ – таму каде што песните стануваат спомени. 26 и 27 август 2026 во Охрид и во живо на МРТ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгана Мирковиќ влегува во „Ѕвездите на Гранд“? Преговорите се во тек

Драгана Мирковиќ би можела да биде ново лице во жирито на популарното музичко натпреварување „Ѕвездите …

error: Содржината е заштитена!