Напната и возбудлива серија за три света кои иако навидум живеат одвоено, всушност коегзиситираат заедно поврзани со криминалот на модерниот Белград. Нова српска серија на МРТ овој јуни по последниот Дневник 3 (околу 23 часот).

Драган Милетиќ Гага, искусен инспектор на одделот за крими злосторства, има специфични методи на работа што на многумина не им се допаѓаат. Упорен, тврдоглав, темелен, тој истрајува во својата намера да реши стар случај.

Моментот кога познат белградски криминалец, кој е негова опсесија, е убиен, е моментот кога започнува потрагата. Истрагата на Гага ќе доведе до малолетници кои се вовлечени во многу поопасна игра од ситни дилерски работи. Ова ќе ја отвори Пандорината кутија од која ќе излетуваат нови проблеми, нови заплеткувања и нови нерешени ситуации.

Игор Бенчина, Денис Муриќ, Ивана Зечевиќ, Марко Миливојев Мили и Павле Менсур во крими серијата “Група”.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
