Почетна / Сапуници / Од понеделник | Зулејха се враќа во серија за моќта и гламурот

Од понеделник | Зулејха се враќа во серија за моќта и гламурот

Од следната недела на местото од “Семејството” започнува новата возбудлива серија „Мојот прекрасен живот“, во која главните улоги им припаѓаат на познатите Зулејха (Горка љубов), затвореникот Фират (Затвореник) и Шахика (Забрането јаболко).

Во центарот на приказната е Шебнем, девојката која како феникс ќе се издигне од бедата и сиромаштијата, и ќе зачекори во свет полн со луксуз, богатство и пари.

Од понижувана девојка до бескруполозна дама. Од безвредна до посакувана, а која со исклучително лукав и смел потег станува сопруга на Онур, еден од највлијателните мажи во Истанбул.

Така започнува нејзиниот прекрасен живот. Живот полн со луксуз и изобилство, живот кон кој секогаш копнеела, живот на врвот на општествената скала.

Помеѓу заштитата на своето семејство, зачувувањето на својот статус и помирувањето со темнината од нејзиното минато, животот на Шебнем почнува да се руши како кула од карти кога духовите од минатото повторно се појавуваат, загрозувајќи го нејзиниот совршен живот.

Возбудлива серија за доцните вечерни часови. Ексклузивно – од понеделник до петок.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Болна амбиција или погрешна одлука – дознаваме во викенд драмата „Бајка“

Зејнеп е просечна девојка со големи соништа и навидум досаден живот. Еден ден, таа и …

error: Содржината е заштитена!