Почетна / Сапуници / Последната сезона на „Женкар“ репризно за викенд на Канал 5

Последната сезона на „Женкар“ репризно за викенд на Канал 5

Во доцните ноќни часови, по полноќ, за време на викендите се репризира последната сезона од турската серија “Женкар” на Канал 5.

Откако Сејран се соочи со тешка болест, оставајќи го Ферит да продолжи со својот живот, се оддалечи и скри во нејзиниот свет, далеку од сите.

После две тешки години, утеха и надеж најде во Синан, момчето кое по игра на судбината, стана сведок на нејзината борба.

Во моментот кога ќе треба да се соочи со минатото, кога повторно ќе се врати во Истанбул, Сејран ќе ги изненади сите. Иако, длабоко во себе знае дека не може да живее без Ферит, таа ќе му предложи брак на Синан.

Нејзината сестра Суна, ќе се обиде да и ја објасни тежината на оваа одлука, но Сејран цврсто верува дека го направила вистинскиот избор.

Од друга страна, Ферит, живее две за него тешки години без никаков одговор, зошто Сејран го напуштила? Негова утеха е Дијар, девојката која и покрај сѐ, го прифатила и била рамо на коe можел да се ослони.

Во свет полн лаги, интриги, завист, Сејран и Ферит ќе ја зачуваат големата и искрена љубов, која е нивниот двигател во борбата со минатото, но и сегашноста. Потсетување на последните епизоди.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник до петок на Б92 – познатиот Саваш во „Ружи и грев“

Од понеделник до петок во 15 часот на кабловската Б92 телевизија се емитува најновата серија …

error: Содржината е заштитена!